ОУ „Единство“ - Гостивар
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Единство“ (порано: Основно училиште „Братство-Единство“; службено: Основно општинско училиште „Единство“ - Гостивар; скратено: ООУ „Единство“) — централно основно училиште во градот Гостивар, Општина Гостивар.[1][2]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Единство“.
Училиштето е именувано по југословенското мото братство и единство.
Remove ads
Местоположба
Училиштето се наоѓа на ул. „Панче Попоски“, бр. 35, во градот Гостивар.
Историја
Училиштето било основано на 29 јуни 1962 година со одлука на Општина Гостивар.[3]
Во 2008 имало спор околу името на училиштето кога тоа било незаконски преименувано од „Братство-Единство“ во „Башкими“, иако било претходно согласено да биде преименувано во „Единство“.[4][5]
На крајот училиштето е именувано како Башкими на албански јазик, како Единство на македонски јазик и како Бирлик на турски јазик.
Remove ads
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански, македонски и турски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Единство“ - Беловиште, подрачно училиште;
- ПУ „Единство“ - Лакавица, подрачно училиште; и
- ПУ „Единство“ - Циглана, подрачно училиште.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads