ОУ „Живко Чинго“ - Велгошти

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Живко Чинго“ - Велгошти
Remove ads

Основно училиште „Живко Чинго“ (официјално: Општинско основно училиште „Живко Чинго“ - Велгошти; скратено: ООУ „Живко Чинго“) — централно основно училиште во охридското село Велгошти, Општина Охрид.[2]

Кратки факти Живко Чинго ...

Училиштето е именувано по истакнатиот македонскиот раскажувач и романописец Живко Чинго.

Remove ads

Историја

Во летописната книга на тогашното основно училиште „Коле Неделкоски“ во 1960 година е наведено дека првото основно училиште во селото Велгошти било отворено во 1876 година. Наставата се изведувала на грчки јазик во пангарот на црквата „Св. Пантелејмон“. Како прв учител бил селскиот поп.[3]

Во 1878 година било отворено првото егзархиско училиште и била изградена училишна зграда, во рамки на црковниот двор.[3]

Откако училиштето, како и целото село, изгорело во Илинденското востание, наставата повторно се изведувала во црквата. Во периодот 1912-1915 година, наставата се спроведувала на српски јазик.[3]

Поголема училишна зграда била направена во 1922 година, која денес повеќе не постои, а се наоѓала на сретселото. Денешната зграда се градела во периодот 1927-1929.[3]

Од 1944 година, во училиштето се изведува настава на македонски јазик.[3]

Во 1953 година, училиштето го добило името на македонскиот поет и борец Коле Неделковски.[3]

Remove ads

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads