ОУ „Кочо Рацин“ - Ивањевци
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Општинско основно училиште „Кочо Рацин“ - Ивањевци; скратено: ООУ „Кочо Рацин“) — централно основно училиште во селото Ивањевци, Општина Могила.[1][2]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Кочо Рацин“.
Училиштето е именувано по македонскиот поет Кочо Рацин.
Remove ads
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа на крајот од селото, непосредно од левата страна на патот кој продолжува до Трновци. На местото на коешто се наоѓа училиштето во минатото постоела црква „Св. Никола“ околу која имало гробови, а при изградбата на училиштето целиот простор бил израмнет со земја.[3]
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
Во склоп на училиштето се следните подрачни училишта:
- ПУ „Кочо Рацин“ - Долно Српци;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Трновци;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Свето Тодори;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Лознани;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Вашарејца; и
- ПУ „Кочо Рацин“ - Беранци.
Од нив, единствено во подрачното училиште во Долно Српци се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.[2]
Галерија
- Влезот на училиштето
- Објект во дворот на училиштето
- Игралиште во дворот на училиштето
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads