ОУ „Кочо Рацин“ - Кратово
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Кочо Рацин; скратено: ООУ „Кочо Рацин“) — централно основно училиште во градот Кратово, Општина Кратово.[1][2]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Кочо Рацин“.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.
Remove ads
Историја
Училиштето започнало со работа во 1945 година во една стара училишна зграда во средиштето на Кратово. Поради зголемен број на паралелки и ученици била изградена нова училишна зграда во Царина Маало.[2]
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]
- ПУ „Кочо Рацин“ - Крилатица, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Секулица, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Шопско Рударе, поранешно подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Шлегово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Страцин, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Туралево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Вакуф, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Кочо Рацин“ - Коњух, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads