Павлина Климкар-Меанџиева

македонска писателка From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Павлина Климкар - Меанџиева (Велес, 13 септември 1949 - Велес, 3 март 2018 ) — македонска писателка и професор.[1]

Кратки факти Павлина Климкар - Меанџиева, Роден(а) ...

Биографија

Климкар е родена на 13 септември 1949 година во Велес. Завршила педагошка гимназија "Никола Карев" и Филолошки факулетет во Скопје. Се пензионирала како средношколски професор во Велес. Член била на ДПМ од 1995 година.

Творештво

Автор е на книгите: "Тивнеења" (поезија, 1976), "Неразделности" (поезија, 1978), "Ораница" (поезија, 1983), "Тишина што се слуша" (поезија, 1991), "Кралица на гревот" (поезија, 1991), "Бршлен" (поезија, 1992), "Зол трн непремолк" (поезија, 1992), "Жежок ветер" (поезија, 1993), "Голтач на огнови" (поезија, 1994), "Од дневникот пред изгорување" (поезија, 1995), Кралица на гревот (второ,проширено издание 1996) Македонска вертикала (поезија, 1997), "Уста полна светлина" (поезија, 1997), "Цунами" (поезија, 1999), "Чудна случка" (сликовница, 1999), "Најазмо" (поезија, 2001), "Vasiloanjea - a marrtiiljei" (на влашки јазик, 2002), "Дијадема" (поезија, 2003), "Во меѓувреме" (поезија, 2003), "Ѕвездени патеки" (поезија, 2005), "Школки" (поезија, 2007), "Одблесоци" (поезија, 2009), "Метузалем" (поезија, 2012), "Наспроти ветрот" (поезија, 2013). Седефна кутија (поезија 2014)[2].

Дел од нејзиното творештво е преведено на српски, албански и англиски јазик. Како автор била застапена во повеќе антологии. Неколку децении е член на градскиот литературен клуб "Кочо Рацин" од Велес. Нејзината поетска дејност започнала во училишните денови.

Била наградувана како поет, а неколкупати освоила прво место за најдобра стихозбирка од Здружението на просветните работници на Македонија (за "Метузалем" - 2012 и за "Наспроти ветрот" - 2013). Добитник била на Деветоноемвриска плакета од општина Велес, како и наградата за животно дело Гемиџии[3] - признание од родниот град Велес.

Павлина Климкар Меанџиева на 04 септември 2017 година ја добила наградата за животно дело „Коле Неделковски“ од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во соработка со Општина Велес и ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“- Велес.[4]

Починала во Велес на 3 март 2018 година.[5]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads