Парашќеви Кирјази

From Wikipedia, the free encyclopedia

Парашќеви Кирјази
Remove ads

Парашќеви Кирјази (позната и како Парасќеви Д. Киријас; 27 мај 1886 – 17 декември 1970) – албанска учителка од семејството Кирјази која го посветила својот живот на албанската азбука и на наставата на пишан албански јазик. Таа била учесник на Битлоскиот конгрес, каде се одлучило за формата на албанската азбука,[4] и била основач на женското здружение Yll' i Mengjesit.[5] Парашќеви била учесник и на Париската мировна конференција во 1919 година како член на албанско-американската заедница.[6] Таа е сестра на Севасти Кирјази, која била директорка на првото албанско училиште за девојчиња во Корча, отворено во 1891 година.[7]

Кратки факти Парашќеви Кирјази, Роден(а) ...
Remove ads

Биографија

Парашќеви била родена во Битолскиот вилает, во Отоманската Империја (денешна Битола). Кога имала само 11 години, таа почнала да им помага на својот брат Ѓерасим Кирјази и сестра Севасти Кирјази да ги учат девојчињата писмен албански јазик во првото училиште за девојчиња во Албанија, Девојското училиште (албански: Shkolla e Vashave),[4] кое било отворено на 15 октомври 1891 година.[8]

Таа подоцна студирала на Американскиот колеџ за девојки во Константинопол. По дипломирањето отишла во Корча да работи како учителка во основно училиште заедно со нејзината сестра Севасти во Месоњаторија, во првото албанско училиште, отворено во 1887 година.[9]

Во 1908 година, таа била учесничка на Битолскиот конгрес, единствената жена која била учесник.[4]

Во 1909 година, таа објавила буквар за основните училишта. Иако Битолскиот конгрес веќе одлучил за новата азбука, две верзии на азбуката сепак биле претставени во нејзиниот буквар, што покажува колку сè уште бил слаб консензусот на Конгресот. Меѓутоа, заедно со букварот, таа објавила и некои многу познати стихови за одбраната на новата албанска азбука:[10]

Thumb
Букварот на Парашќеви Кирјази
Повеќе информации албански јазик, македонски јазик ...

Парашќеви е позната и по тоа што организирала настава за деца и ноќни школи во други села во јужна Албанија и по нејзината улога при организацијата на локалните библиотеки.[9]

Таа придонела за основањето на здружението Утринска Ѕвезда (на албански: Yll' i Menjesit) во 1909 година[11] и подоцна, кога мигрирала во САД, продолжила да издава истоимено списание во периодот од 1917 до 1920 година.[5] Списанието излегувало на секои две недели и вклучувало статии за албанската политика, општество, историја, филологија, литература и фолклор.[9]

Во 1914 година, како последица на грчката окупација на градот, таа ја напуштила Албанија за Романија заедно со нејзината сестра.[8]

Подоцна отишла во САД и станала член на албанско-американската заедница, во чие име учествувала на Париската мировна конференција во 1919 година за да ги застапува правата на Албанците.[4][12]

Парашќеви се вратила во Албанија во 1921 година, по што со интерес ги следела политичките случувања таму, без да ги изгуби од вид националните аспирации. Таа била една од основачите и директорките на женската институција по име „Киријас“, именувана по нејзиното семејство, во Тирана и Камза, во соработка со нејзината сестра Севасти и Кристо Дако.[13]

Во октомври 1928 година, на иницијатива на Министерството за внатрешни работи, во Тирана била основана организацијата „Gruaja Shqiptare“ („Албанската жена“) со планови за создавање ограноци на национално ниво и во дијаспората. Била основана под покровителство на кралицата мајка и на сестрата на кралот Зогу, принцезата Саније. Организацијата имала за цел да ги промовира образованието, хигиената и добротворните активности, како и да ги подигне Албанките на повисоко културно ниво. Како добро образована жена, Парашќеви успеала да се стекне со лидерска позиција во оваа организација. Помеѓу 1929 и 1931 година, организацијата го објавувала своето периодично списание Shqiptarja („Албанката“), во кое биле објавени голем број написи од Парашќеви и нејзината сестра Севасти. Списанието се спротивставувало на конзервативното размислување, застапувајќи го женското движење и неговите барања.[14]

Парашќеви била антифашист во текот на Втората светска војна, почнувајќи од италијанската инвазија во 1939 година. Поради нејзините антифашистички ставови, таа, како и нејзината сестра, била испратени во логорот Анхалтелагер Дедиње во близина на Белград од страна на пронацистичките единици предводени од Џафер Дева.[13][15]

Парашќеви преживеала и се вратила во Тирана по војната, но таа и семејството на нејзината сестра по враќањето се соочиле со натамошно прогонство. Поради неговата поранешна поврзаност со Зогу, Кристо Дако бил постхумно оцрнет од комунистичкиот режим, и семејството Кирјази било принудено да ја напушти Тирана. Двајцата внуци на Парашќеви (синовите на Севасти) биле затворени, а на крајот еден од нив починал во затвор.

Напорите на албанскиот научник Скендер Луараси и политичарката Вито Капо евентуално довеле до делумна рехабилитација на сестрите Кирјази.[15] Парашќеви починала во Тирана на 17 декември 1970 година.

Remove ads

Објавени дела

Познато е дека следните дела се напишани од Парашќеви Кирјази:

  • „Албанското женско училиште во Корча“. Живот и светлина за жената XXXV, бр. 8 (Бостон: Женски одбор на мисии, август 1905 година).
  • „Развојот на училиштата во Турската Империја и идеалниот систем на образование за Албанија“, во Албанија, Главниот клуч за Блискиот Исток (Бостон: EL Grimes, 1919), стр. 248-266. (Реобјавено 2020 година, IAPS,ISBN 978-1-946244-29-1).
  • Abetare për shkollat e para. (Манастир: Башкими и Комбит, 1909).
Remove ads

Наследство

  • Парашќеви Кирјази и нејзината сестра Севасти Кирјази се познати во Албанија како „Сестрите Кирјази“ (албански: Motrat Qiriazi). Тие се сметаат за „мајки на албанското образование“.[16]
  • Неколку образовни институции и организации во Албанија и Косово го носат нивното име.
  • Во 2017 година, бил отворен колеџ што го носи името Кирјази[17] на имотот на оригиналниот институт Киријас (1922–1933) во Камза, Албанија.
  • Албанско-американска женска организација (AAWO) во Њујорк го носи името на сестрите.[18]

За понатамошно читање

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads