Пајаковидни мајмуни

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пајаковидни мајмуни
Remove ads

Пајаковидните мајмуни (латински: Atelidae) образуваат семејство на широконосни мајмуни (Platyrrhini). Семејството вклучува околу 30 современи видови, распространети исклучиво во Новиот Свет.

Кратки факти Пајаковидни мајмуни, Научна класификација ...
Remove ads

Опис

Пајаковидните мајмуни (понекогаш наречени и дрекавци) се најголемите мајмуни во Америка: тежината на возрасните единки изнесува 4–10 кг. Должината на телото е 24–65 cm, опашката е долга 55–90 cm.[1] Женките се нешто поголеми и потешки од мажјаците. Оголеното подрачје на долната страна од врвот на опашката е прекриено со кожни ритчиња, благодарение на кои се постигнува жилавост. Предните екстремитети се подолги од задните, а кај некои примероци се речиси еднакви. Палецот на раката отсуствува или е редуциран (го има само кај волнените мајмуни); палецот на стапалото е развиен. Крзното е долго и различно обоено.

Remove ads

Распространување

Ги населуваат шумите на Средна и Јужна Америка. Ареалот на север е ограничен со јужните региони на Мексико, а на југ со централен Бразил и Боливија.

Начин на живеење

Живеат на дрвја движејќи се по пат на полубрахијација со прикачување на предните екстремитети и прехензивната опашка. Активни се во текот на денот. Се држат во семејни групи или стада до 100 единки. Се исхрануваат со растителна и животинска храна; претпочитаат овошје, семиња и листести растенија. Освен тоа, во исхраната употребуваат и јајца од птици.

Одредена сезона на размножување отсуствува. Бременоста трае 225-230 дена. Дрекавците се одликуваат со ниска плодност: раѓаат само едно младенче кое првите две-три години е покрај мајката. Од 4-5 месеци тие започнуваат да јадат растителна храна. Женките се пораѓаат секои 3-4 години. Пајаковидните мајмуни живеат во семејства чија бројност достигнува и до 30 единки кои често се групираат во помали групи од по 3-4 животни. Мажјаците се поагресивни од женките и се водачи. Мајките се занимаваат со груминг на своите млади. Се движат на две и четири екстремитети.

Систематика

Во ова семејство има две потсемејства:

  • Alouattinae, каде припаѓа единствениот род — дрекавец (Alouatta);
  • Atelinae, каде има 4 рода:
    • пајаковидни мајмуни или коати (Ateles) — 7 вида;
    • мирики или брахителеси (Brachyteles) — 2 вида;
    • волнени мајмуни (Lagothrix) — 4 вида;
    • Oreonax — 1 вид (Oreonax flavicauda).

Литература

  • Groves, Colin (16 November 2005). in Wilson, D. E., and Reeder, D. M. (eds): Mammal Species of the World, 3rd edition, Johns Hopkins University Press, 150—152. — ISBN 0-8018-8221-4.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads