Петар Јанков (Струмица)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Петар Јанковградоначалник на Општина Струмица од 2025 година.

Кратки факти Петар Јанков, Градоначалник на Општина Струмица ...
Remove ads

Животопис

Петар Јанков е роден на 13 јануари 1976 година во Струмица. Потомок е на Благој Јанков – Мучето. Основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал како менаџер по царина и шпедиција на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Од 2007 година работел во Царинската управа и напредувал до позиција виш цариник. Во 2018 година ја напуштил јавната служба и продолжил да работи во приватниот сектор.[1]

Јанков е член на ВМРО-ДПМНЕ. Потпретседател е на општинскиот комитет на партијата во Струмица.[1] На локалните избори во 2025 година како кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Струмица победил во првиот круг на 19 октомври со 15.071 (55,98%) гласови, со разлика од 5.339 гласови од противкандидатот Марјан Даскаловски од коалицијата предводена од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ нагласила дека по 20 години извојувала историска победа во бастионот на СДСМ.[2] Јанков ја презел функцијата од неговиот претходник Костадин Костадинов на 27 октомври.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads