Петер Цумтор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петер Цумтор (германски: Peter Zumthor; р. 26 април 1943 ) — швајцарски архитект. Роден е во Базел. Татко му бил столар и љубовта кон техничките науки ја открива учејќи столарство, од 1958 до 1962 година. Од 1963 до 1967 година студирал на Школата за уметности и занаети, а потоа се запишал на индустриски дизајн и архитектура на институтот Парт во Њујорк. Свое студио отворил во 1979 во Халденштајн, мало швајцарско планинско село, каде сè уште работи.[1]
Како перфекционист во својата работа, Цумтор не проектира многу градби и секој од неговите проекти е исклучителен, суптилен и едноставен, но истовремено и раскошен. Меѓу неговите најпознати проекти се вбројуваат: Топлите бањи во Валс, Музеј на уметностите во Брегенц, Капелата Брат Клаус во Мехемих и Музеј Колумба во Келн. Наречен уште и „повлечениот архитект“, Цумтор во 2009 година го добива најголемото архитектонско признание на светот - Прицкеровата награда за архитектура.[1]
Remove ads
Галерија
- Топлите бањи во Валс (1996)
- Музеј на уметноста во Брегенц (1997)
- Музеј Колумба (2007)
- Капела Брат Клаус во Мехемих (2007)
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads