Полошко-кумановска епархија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Полошко-кумановска епархија
Remove ads

Полошко-кумановската епархија била епархија на МПЦ, која го зафаќа северозападниот дел од Република Македонија. Нејзин надлежен епархиски архијереј бил митрополитот Кирил од 1971 година, па сè до јуни 2013 година.

Thumb
Територии на епархијата од нејзиното основање па до 2013
Thumb
Карта на епархиите во Македонија од нејзиното основање па до 2013.

По смртта на митрополитот Кирил, епархијата престанала да постои, со тоа што била поделена на две нови епархии: Тетовско-гостиварска и Кумановско-осоговска.[1]

Епархијата се состоела од пет aрхиерејски намесништва, во кои има 218 цркви, 36 манастири,[2] 54 параклиси и 194 места каде се поставени крстови, а на кои во годината по разни поводи се собираат голем број верници.

  • Тетовско архијерејско намесништво: 72 цркви, 10 манастири, 6 параклиси и еден крст.
  • Гостиварско архијерејско намесништво: 45 цркви, 6 манастири, 20 параклиси и 4 крстови.
  • Кумановско архијерејско намесништво: 60 цркви, 8 манастири, 12 параклиси и 120 крстови.
  • Кратовско архијерејско намесништво: 12 цркви, 3 манастири, 9 параклиси и 19 крстови.
  • Кривопаланечко архијерејско намесништво: 13 цркви, 1 манастир, 7 параклиси и 50 крстови.
Remove ads

Најпознати манастири

Епархијата обединувала околу 200.000 верници, православни христијани. Преку петте архијерејски намесници и преку црковните и манастирските настојателства, се координирале работите на црковно-духовен и финансиско-материјален план на целиот нејзин простор. Административно-организационата дејност се извршувала од страна на надлежниот епархиски архијереј г. Кирил и секретарот на истата, протоѓагонот Вичко Гочевски.

Оваа епархија имала над 40 активни свештеници и неколку пензионери.

Изградени 26 цркви, 11 манастири, 69 обновени и изградени објекти за крштевки и парастоси. Над поголем број цркви и манастири биле извршени сеопфатни санациони и реставраторски работи.

Најголем проблем со кои оваа Епархија се соочувала се огромните пустошења и штети кои се направени во текот на 2001 година, кога се ограбени, осквернети и опожарени околу 30–тина цркви и неколку манастири, меѓу кои манастирот на Свети Атанасиј Велики во с. Лешок, кој бил миниран и до земја разрушен, како и манастирот на Пресвета Богородица во с. Матејче.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads