Принцеза Марта од Шведска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Принцеза Марта од Шведска
Remove ads

Принцезата Марта од Шведска (шведски: Märtha Sofia Lovisa Dagmar Thyra; 28 март 1901 5 април 1954) била престолонаследничка на Норвешка како сопруга на идниот крал Улав V од 1929 година до нејзината смрт во 1954 година. Сегашниот крал Харалд V е нејзини единствен син. Марта исто така била сестра на белгиската кралица Астрид и тетка по мајка на големата војвотка Жозефина-Шарлот од Луксембург, кралот Бодуен од Белгија и кралот Алберт II од Белгија.

Кратки факти Принцеза Марта, Роден(а) ...
Remove ads

Живот

Thumb
Марта (десно) со нејзината мајка и сестри

Марта е родена на 28 март 1901 година во Стокхолм, како второ дете на принцот Карл Шведски и неговата сопруга принцезата Инјеборг од Данска. Нејзиниот татко бил помлад брат на шведскиот крал Густав V, а нејзината мајка била помлада сестра на данскиот крал Кристијан X и на норвешкиот крал Хокон VII.

Thumb
Марта со сопругот и ќерката Рагнхилд

На 21 март 1929 година Марта се омажила за нејзиниот братучед, престолонаследникот Улав од Норвешка. Таа ја презела титулата Нејзино кралско височество престолонаследник на Норвешка. Нивната венчавка била прва кралска венчавка по 340 години во Норвешка. Бракот бил среќен најмногу поради нивната искрена љубов и наклонетост еден кон друг. Имале три деца: Рагнхилд (1930 2012); Астрид (1932); и долгоочекуваниот наследник Харалд (1937).

Престолонаследничката принцеза Марта брзо ја освоила љубовта на норвешкиот народ поради нејзината скромна, весела и дарежлива природа.

Во 1939 година, непосредно пред избувнувањето на Втората светска војна во Европа, престолонаследникот и принцезата ги посетиле Соединетите Американски Држави. Двојката се спријателила со претседателот Френклин Рузвелт и неговата сопруга Елинор Рузвелт.

Принцезата Марта станала постара дама на дворот по смртта на нејзината свекрва, кралицата Мод, во 1938 година.

Втора светска војна

Принцезата Марта, на 26 јануари 1940 година објавила јавен проглас со кој ги охрабрила Норвежанките да учествуваат во мобилизациската работа.[2] Откако Германија ја нападнала Норвешка во април 1940 година, норвешката влада одлучила принцезата Марта и нејзините деца да побегнат во нејзината родна Шведска, а нејзиниот сопруг и свекорот да останат во земјата.

Нејзиното присуство во Шведска било проблематично и некои сметале дека ја загрозила неутралноста на Шведска. Претседателот Рузвелт лично ја поканил во САД. Нејзиниот вујко, шведскиот крал Густав V, му испратил телеграма на нејзиниот свекор кралот Хокон и го советувал да го откаже патувањето, но Марта инсистирала да ја прифати поканата.[3] Таа заминала за САД и таму со нејзините деца најпрво престојувала во Белата куќа. Нејзиниот сопруг Улав со татко му заминал во Обединетото Кралство, каде што работел со норвешката влада во егзил. Така, крунскиот пар, како и многу двојки во тоа време, биле разделени во поголемиот дел од војната.

Во август 1941 година, принцезата Марта со американскиот претседател Рузвелт на претседателската јахта отпловила за Њуфаундленд каде се сретнал и со Винстон Черчил.

Во 1942 година, го посетила Лондон за да учествува во прославата на роденденот на нејзиниот свекор, каде што тој ѝ го дал орденот на Свети Олав. Кралот, рекол дека тоа „не е затоа што си крунисана принцеза, туку затоа што го заработивте“.[4]

Remove ads

Смрт

По долг период на борба со болеста, Марта починала од рак на 5 април 1954 година во Осло.[се бара извор] Три години подоцна нејзиниот сопруг ќе седне на норвешкиот престол како крал Улав V.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads