Природни резервати во Македонија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Природни резервати во Македонија — на територијата на Македонија се наоѓаат четири строго заштитени природни резервати, додека резерватот „Јасен“ не влегува во оваа категорија и се води како посебен природен предел, формирани заради заштита на определени биоценолошки, флористички, фаунистички, геолошки и хидролошки природни реткости.

Четирите строго заштитени природни резервати во Македонија се:

  • Езерани — резерватот се простира на 2.080 хектари на северниот брег на Преспанското Езеро, во близина на истоименото село. Овој природен резерват е најстар, прогласен за таков уште на 29 јули 1996 година[1]. Самиот резерват претходно бил прогласен за рамсарско место.
  • Тиквеш — резерватот се простира на 10.650 хектари во јужниот дел на Тиквешкото Езеро и околината. Резерватот вкупно зафаќа 9.700 хектари водена површина и 950 хектари копно, на кои живеат 39 грабливи птици. Резерватот е прогласен за таков на 23 јули 1997 година[2].
  • Локви — резерватот се простира на само 50 хектари во близина на селото Големо Коњари, во општината Прилеп. Резерватот претставува последен остаток на некогашното Пелагониско Блато и во него живее вилинското ракче, ендемски вид во светски рамки. Наоѓалиштето отпрвин било заштитен како строг природен резерват уште на 5 ноември 2003[3], но со нов закон 15 хектари од наоѓалиштето се прогласени за споменик на природата, што претставува понизок степен на заштита.
  • Плоче Литотелми — најмалиот резерват зафаќа само 23,2 хектари и се простира на два километри од селото Страцин, во општината Кратово. Наоѓалиштето е важно поради ракчињата кои живеат на тој простор, од кои дел од нив се ендемски видови. Резерватот е прогласен на 5 ноември 2010 година.[4]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads