Прирок

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Прирок — еден од главните составни елементи на реченицата.Тој го претставува името на глаголското дејствие. Традиционалната граматика го гледа прирокот како еден од двата главни елементи во реченицата, покрај подметот. Функцијата на прирокот е да го модифицира подметот. Според современите теории на синтаксата, прирокот соодветува со главниот глагол во реченицата, како и кои било помошни глаголи кои може да се искористат. Современата теорија не ги вклучува подметот и именската фраза на предметот во прирокот.

Remove ads

Прирокот и традиционалната граматика

Прирокот во традиционалната граматика се дефинира како составен елемент според кој е карактеризиран подметот. Така, прирокот може да е исказ кој може да биде „вистинит“ за нешто.[1] Според тоа, исказот „се движи“ е вистинит за сите дејства кои се во движење. Класичното сфаќање за прирокот било усвоено горе-долу директно во грчките или латинските граматики и од таму во останатите граматики. Прирокот е еден од главните елементи на реченицата и прирокот го модифицира подметот.[2] Прирокот мора да содржи глагол, а пак глаголот може да побара или подржи останати реченични елементи како што се предмет, предикативи или адјункти.

Таа танцува. прирок со само еден глагол
Томе чита книга. прирок со глагол и директен предмет
Мајката на Томе, Јана, ми даде подарок. прирок составен од глагол, индиректен и директен предмет
Таа слуша радио. прирок со глагол и прилошки предмет
Тие го избрале него за претседател. прирок со глагол, предмет и прирочка именка
Таа го сретна него во паркот. прирок со глагол, предмет и адјункт
Таа е во паркот. прирок со глагол и предлошка фраза

Прирокот дава информации за подметот, за тоа кој е подметот, што работи подметот или каков е подметот. Врската меѓу подметот и прирокот понекогаш се нарекува нексус. Прирочка именска фраза е именска фраза која функционира како главен прирок во реченицата, како на пример во реченицата „Џорџ III е кралот на Англија“, каде „кралот на Англија“ е прирочката именкска фраза. Подметот и именската фраза мора да се поврзани со глагол-врска или наречен копуларен глагол. Прирочка придавка е придавка која функционира како прирок, како во реченицата „Стефан е убав“, каде „убав“ е прирочка придавка. Како и кај прирочката именска фраза, така и тука, подметот и придавката мора да се поврзани со глагол-врска.

Remove ads

Прирокот во македонскиот јазик

Thumb
Состав на прирокот во македонскиот јазик.

Наводи

Литература

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads