Пркосните

појаснителна страница From Wikipedia, the free encyclopedia

Пркосните
Remove ads

„Пркосните“ - американска драма од 1958 година, продуцент и режисер Стенли Крамер. Филмот бил адаптиран од Харолд Џејкоб Смит според приказната на Недрик Јанг, првично запишан како Натан Е. Даглас. Во главните улоги се Тони Кертис и Сидни Поатје, двајцата во улога на избегани затвореници, еден белец и еден црнец, кои се оковани заедно и кои мора да соработуваат за да преживеат.

Thumb
Реклама за филмот од 1958 година

Филмот „Пркосните“ премиерно бил прикажа на 29 јуни 1958 година на осмиот Берлински меѓународен филмски фестивал, каде што Поатје ја освоил наградата Сребрена мечка за најдобар глумец. По неговото прикажување во САД на 27 септември 1958 година, филмот бил високо оценет од филмските критичари. Освоил Оскар за кинематографија (за црно-бел филм) и оригинално сценарио и бил номиниран за седум други награди, вклучувајќи ги и оние за најдобар филм и за најдобар глумец за двајцата главни глумци: и заПоатје и за Кертис.

Remove ads

Содржина

Една ноќ кон крајот на 1950-ти години во јужниот дел на САД, камион натоварен со затвореници скршнал за да избегне друг камион, и се превртел. Спасувачите ги расчистуваат остатоците и откриваат дека двајца затвореници избегале, еден Афроамериканец врзан за белец затоа што „чуварот имал чувство за хумор“. На спасувачите им било речено да не бараат премногу, бидејќи „веројатно двајцата затвореници ќе се убијат меѓусебно пред да поминат 8 километри“. Сепак, наредниот ден биле испратени голема група на ловци со кучиња. Двајцата исчезнати затвореници се Ноа Кален и Џон „Џокер“ Џексон. И покрај нивната меѓусебна омраза, тие се принудени да соработуваат, бидејќи се оковани заедно. На почетокот, нивната соработка е мотивирана од самоодржување, но постепено тие почнуваат да се почитуваат и да се сакаат еден со друг.

Кален и Џокер бегаат низ тежок терен и секакви временски услови, со кратка пауза во камп за терпентин каде што се обидуваат да провалат во продавница за храна, со надеж дека ќе добијат храна и алатки за да го скинат синџирот. Наместо тоа, тие се заробени од жителите, кои формираат толпа за линч, а ги спасува „Големиот“ Сем, човек кој е згрозен од крволочноста на неговите соседи. Сем ги убедува жителите да ги заклучат осудениците и да ги предадат на властите следниот ден. Истата ноќ, тој тајно ги ослободува, бидејќи и самиот бил поранешен затвореник.

Конечно, тие наидуваат на едно младо момче по име Били. Го тераат да ги однесе во својот дом и кај неговата мајка, чиј сопруг го напуштил семејството. Бегалците конечно успеваат да го скршат синџирот. Кога ја поминуваат ноќта таму, осамената жена е привлечена од Џокер и сака да избега со него. Таа го советува Кален да помине низ мочуриштето за да стигне до железничката пруга, додека таа и Џокер ќе бегаат со нејзиниот автомобил. Сепак, откако Кален ќе замине, жената на Џокер му го открива планот: го испратила Кален во опасното мочуриште за да умре, и со тоа да не открие каде заминал Џокер, во случај да биде фатен. Бесен, Џокер трча по својот пријател; додека тој си заминува, а Били го застрелува.

Ранет, Џокер го стигнува Кален и го предупредува за мочуриштето. Групата предводена од шериф Макс Милер се приближува до нив. Двајцата слушаат свиреж од воз и трчаат кон него. Кален го стигнува возот и скока на возот. Џокер трча покрај него, очајно обидувајќи се да го стигне. Кален го вика Џокер и му ја подава раката. Нивните раце се стегаат, но Кален не може да го повлече Џокер на возот. Двајцата мажи паѓаат на земја. Премногу исцрпени за да трчаат, тие сфаќаат дека сè што можат да направат е да ги чекаат своите гонители. Шерифот го наоѓа Кален како пркосно пее, а Џокер лежи во неговите раце.

Remove ads

Улоги

Thumb
Тони Кертис и Сидни Поатје во рекламата за филмот
  • Сидни Поатје како Ноа Кален
  • Тони Кертис како Џон „Џокер“ Џексон
  • Теодор Бикел како шерифот
  • Чарлс Мекгроу како капетан Франк Гибсон
  • Лон Чејни Џуниор како „Големиот“ Сем
  • Кинг Донован како Соли
  • Клод Акинс како Мак
  • Лоренс Добкин како Едитор
  • Вит Бисел како Лу Ганс
  • Карл Свицер како Ангус
  • Кевин Кафлин како Били
  • Кара Вилијамс како мајката на Били

Продукција

Глумецот Роберт Мичам ја одбил улогата на Џексон, затоа што не верувал дека црнците и белите луѓе би биле оковани заедно во сегрегираниот Југ во тоа време.[1] Расудувањето на Мичам било погрешно протолкувано со текот на годините во тврдењето дека го одбил филмот поради неговото одбивање да соработува со црнец.[1] И покрај многуте подоцнежни приказни на Тони Кертис, Крамер ги избрал Сидни Поатје и Марлон Брандо за главните улоги. Но претходно договорена обврска го спречила Поатје да ја прифати улогата. Крамер толку многу го сакал Поатје за улогата, што го одложил снимањето на филмот, а што пак, довело до тоа Марлон Брандо да одбие, бидејќи одложувањето на снимањето се преклопило со негова друга обврска. Подоцна за улогата на белецот, бил избран Тони Кертис.

Во својата втора автобиографија „Зошто јас“, Семи Дејвис Џуниор открил дека Елвис Присли сакал да глуми со него во овој филм. Сепак, полковникот Том Паркер, кој бил менаџер на Присли, бил против тоа.[2]

Прием

Филмот заработил 2,5 милиони долари во Соединетите Американски Држави и Канада, но не се покажал толку добро во странство. На крајот оствари профит од 1 милион долари.

Кога филмот првично се појавил, Босли Краутер, филмски критичар за „Њујорк тајмс“, ја пофалил продукцијата и глумата во филмот, пишувајќи: „Извонредно соодветна и драматична визуелизација на една социјална идеја - идејата за луѓе од различни раси собрани заедно за да се соочат со несреќата во братска врска - е постигната од продуцентот Стенли Крамер во неговиот нов филм, „Пркосните“ ... Помеѓу двајцата главни изведувачи нема многу простор за избор. Г-дин Поатје се издвојува како црнец осуденик, а г-дин Кертис е изненадувачки добар. И двајцата мажи се интензивно динамични. Во редовите на гонителите, Теодор Бикел е најимпресивен како шериф со нота на милост и правда, за која мора да се бори против брутален државен полицаец, кого го игра Чарлс Мекгроу.“[3]

На Rotten Tomatoes, филмот има рејтинг од 91%, врз основа на 58 рецензии.[4]

Февруарското издание на списанието „Њујорк Магазин“ од 2020 година го наведува филмот „Пркосните“ како еден од „најдобрите филмови што ја изгубил наградата за најдобар филм на Оскарите“.[5]

Remove ads

Повторни снимања и пародии

Основата на „Пркосните“ била снимана повеќе пати во популарните медиуми, меѓу кои е пародијата на филмот во цртаниот филм на „Ворнер Брос“, во кој мачорот Силвестер бега од заробеништво додека е врзан за булдог.

Филмот бил неофицијално преработен на хинди од страна на Боливуд насловен како „Каче Даге“, во кој главните улоги ги играат Аџај Девган и Саиф Али Кан. Приказната била променета во друга средина за да им се овозможи на протагонистите да бидат врзани заедно додека ги решаваат своите разлики при бегство.

Вестерн видеоиграта од 2018 година, Red Dead Redemption 2, содржи мисионерска линија каде што играчот може да им помогне на двајца бегалци, бел човек по име г-дин Блек и црнец по име г-дин Вајт, да го избегнат законот откако се неправедно осудени за кривично дело или да ги предадат на властите за награда.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads