Роберт Силниот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Роберт IV Силниот ( 820 – 2 јули 866 [1]), исто така познат и како Руперт, бил маркгроф (маркиз) во Неустрија. Неговото семејство е именувано според него и се нарекува Робертини. Роберт бил татко на кралевите Одо и Роберт I од Франција. Роберт бил дедото на Иго Капет и со тоа предок на сите Капети. Неговиот татко бил Роберт III од Вормс.[2]

Потекло и доаѓање на власт
Доста малку се знае за потеклото на Робертините. За време на владеењето на Лудвиг Германски, семејството од Источна Франкија се преселило во Западна Франкија. По неговото пристигнување во Западна Франкија, Карло Ќелавиот во 853 им дал власт во провинциите Мејн, Анжу, и Тур. Роберт имал задача да ја брани Неустрија од наездите на Викинзите и Бретонците во коишто битки се истакнал.
Откако во 858 земал учество во бунтот против Карло II, во 861 се покорил и станал маркиз на Неустрија, регионот меѓу Сена и Лоара.[3].
Поддршка на Карло II и стекнување на грофовиите Тур и Анже
Роберт Силниот е цитиран уште во 836, година во текот на која тој го напуштил регионот на средна Рона[4], но без да стекне титули.
Во тек на битките за превласт меѓу синовите на Луј I Побожниот, тој бил на страната на Шарл II Ќелавиот, кој бил зет на Одо Орлеански и веројатно сопруг на неговата германска братучетка. Тој морал да ги напушти поседите, кои се наоѓале во рамки на кралството на Лотар I, а да побегне на запад, кај семејството на мајка му.
Во 852, Карло II Ќелавиот го прогласил за лаички опат на Мармутие[5], потоа следната година missus dominicus на разни грофовии во Неустрија, посебно во регионите на Турена и Анже[6].
Карл Фердинанд Вернер го објаснува неговиот успех да се наметне во регионот на Лоара поради семејните врски[7] кои го поврзувале со кланот на Адалар и со две групи роднини на запад :
- Геролдинските грофови (кои поттекнуваат од Геролд I) населени во Блоа, Шатоден и Анже,
- Видонидите утврдени во маркизијата на Бретања.
Бунтот против Карло II и стекнување на власт (маркизат) на Неустрија
Во 856, Карло II Ќелавиот го наместил својот син Луј на чело на « војводството од Манс », територија која одговара на маркизатот Неустрија[8]. Роберт не е споменат ни во таа прилика, ниту од ноември 853 и во текот на годината 854 кога Нормандите дошле во Лоара за да го ограбуваат Анже, Турена или Блоа[9]. Тој се споменува дури во 858 на страната на Лудвиг Германски, против Карло и син му.[10]. Се покорил дури во 861, во замена за маркизатот Неустрија[11].
Битка против Нормандите
Во 862, 864 и 865, Роберт се истакнал во битката против нападите на Викинзите кои формирале свои бази на устието на реката Лоара (853) и на Сена (856) под водство на нивниот водач Хастинг. Бернар Плантвелу, не сакајќи да се откаже од татковото наследство, го нападнал Роберт Силниот кој морал да го напушти Отен и за да се обесштети, ја земал Опатијата Сен-Мартен во Турена оттаму бркајќи го опатот.[12]. Во 866, Карло Ќелавиот повторно му го дал маркизатот на Неустрија, и власт врз опатијата Сен-Мартен, која била важна опатија со што Роберт стекнал и бројни вазали.[5].
Роберт умрел истата година во битка со други грофови, Норманди, во (битката на Брисард)[11].
Remove ads
Брак и деца
Сопругата на Роберт Силниот не е спомената во ниеден современ извор. Во тој поглед има повеќе хипотези.
- Првата хипотеза, најопшто прифатена, е дека Роберт Силниот е вториот маж на Аделаида од Алзас[13]. Аделаида од Алзас која е позната исто така и под името Аделаида од Турена (v. 805 - † ap. 866), била ќерка на Иго од Алзас. Таа се омажила околу 839 со Конрад I од Бургоња[14]. Но ништо не потврдува дека Аделаида се премажила после смртта на Конрад и оваа хипотеза има хронолошки недоследности.
- Втората хипотеза претпоставува дека Роберт Силниот се оженил со некоја ќерка на Аделаида од Алзас и на Конрад I. Оваа хипотеа се потпира на хрониката на Сен-Бенињ од Дижон, која датира од 12-от век.[15]. Преносот на името Иго кај Робертините и фактот дека Опатот Иго, син на Аделаида и на Конрад, го наследува Роберт Силниот ја засилува хипотезата дека сопругата на Роберт Силниот е во блиска роднинска врска со Аделаида.
- Третиот предлог, според германскиот историчар Карл Фердинанд Вернер, е дека сопругата на Роберт е ќерка на Одо Орлеански (околу 790 - † 834). Но ако има сродство меѓу Одо Орлеански и Роберт Силниот, тоа е веројатно преку Валдрада, мајката на Роберт Силниот која му била сестра на Одо од Орлеан.
Во
, Алберик де Троа-Фонтен вели дека сопругата на Роберт се викала Режина, конкубина на Карло Велики. Освен хронолошката невоможност за ова тврдење, се чини дека ова се должи на една абуна меѓу Иго Опатот (син на Конрад) и зетот на Роберт Силниот, и опатот Иго, син на Карло Велики и Режина.
Како и да било, Роберт Силниот бил таткјо на два сина кои биле кралеви на Франција :
- Одо[Note 1] (роден после 852, починат на 3 јануари 898) ;
- Роберт (роден околу 860, починат на 15 јуни 923), дедо на Иго Капет а со тоа и предок на цела капетинска лоза.
Remove ads
Белешки и наводи
Белешки
- Името Одо било она на вујкото на Роберт Силниот, Одо Орлеански.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads