Рудолштат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рудолштат (разговорно: Ролшт; германски: Rudolstadt, Rolscht; Руделштат, тириншки: Rudelstadt) — град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Поранешната кнежевска резиденција Рудолштат е изградена долж реката Зале во широката долина опкружена со шуми.
Градот бил основан во 776 година, а го стекнал правото на град во 1326 година. Знаменитост на градот е замокот Хајдексбург, кој е поставен на рид над стариот град. Рудолштат станал популарен преку камените блокови на компанијата за играчки Рихтер и фабриките за порцелан, почнувајќи со основањето на Фолкштет во 1762 година. Од 1599 до 1920 година градот бил главен град на Шварцбург-Рудолштат.
Remove ads
Географија
Рудолштат се наоѓа во долина на реката Зале. На север и зпаад од градот се наоѓа рамници познати како Илм-Зале, на југ започнуваат Тириншките Шкрилни Планини, а источно од градот се наоѓа Хинтере Хајде, кој со Хаусберг (481 м.) доминира. Додека градското јадро се наоѓа на околу 200 метри, одредени градски единици се наоѓаат помеѓу 300 и 400 метри. Во местото Шварца се влива истоимената река во Зале.
Градски единици
Рудолштат е поделен на 24 единици. Покрај градското јадро во него влегуваат следниве села:
|
|
Во заградите е годината на прво споменување.[2]
Фолкштет, Шварца, Мерла и Кумбах образуваат заедно со градското јадро една урбана целина, додека другите места се оддалечени.
Соседни општини
Соседни општини се следниве (почнувајќи од север, надесно): Бланкенхајн, Улштет-Кирххазел, Унтервеленборн, Залфелд, Бад Бланкенбург, Кенигзе, Штатилм, Ритерсдорф и Бад Берка.
Remove ads
Политика
Градски совет
Градскиот совет на градот Бад Бланкенбург се состои од 30 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[3]
*: Граѓани за Рудолштат
Разлика: во однос на изборите во 2014 година
Збратимени градови
Remove ads
Познати луѓе
- Ханс Фалада — германски писател
- Франц Лист — унгарски композитор
- Рихард Вагнер — германски композитор
- Николо Паганини — италијански композитор
- Филип Хајнрих Ерлебах — германски композитор и хорист
- Ахасверус Фрич — германски поет и композитор
- Принцеза Ана Софи од Шварцбург-Рудолштат — баба на кралот Леополд во Белгија, прабаба на Алберт, принц на Велика Британија
Галерија
- Градското собрание
- Замокот Хајдексбург
- Градската црква
- Замокот Лудвигсбург
- Градската библиотека
- Железничката станица
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads