СУ „Никола Карев“ - Струмица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Средното општинско училиште „Никола Карев“ се наоѓа во Струмица, општина Општина Струмица[1]. Има околу 1500 ученици опфатени во образовни профили со четиригодишно и тригодишно траење на образованието. Училиштето исто така овозможува и специјалистичко образование од електротехничка, машинска, текстилна, дрвна, градежна и сообраќајна струка. Ученикот е центар на заложбите на училиштето. Наставата во училиштето се одвива во две смени: прва смена започнува во 7:30 часот, за септември со учениците од прва и трета година, а втора смена започнува во 13:30 со учениците од втора и четврта година. Наставата се одвива во кабинети. Дополнителна и вон наставните активности се изведуваат според однапред истакнат термин од страна на предметниот наставник. Практична настава за тригодишното и четиригодишното образование се реализира во работилниците и лабораториите на училиштето и во просториите на социјалните партнери.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Преку Советот на родители, родителите се вклучени во животот и работата на училиштето и своите забелешки помагаат во разрешување на дел од проблемите како и во надминување на нашите слабости во работењето или со свои предлози и мислења ни помагаат во планирањето и осмислувањето на нашата идна работа.
Remove ads
Струки
Електротехничка струка
Образовни профили во Електротехничка струка со четиригодишно образование:
- ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА ЕЛЕКТРОНИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
- ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЕНЕРГЕТИЧАР
- ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА
Образовни профили во Електротехничка струка со тригодишно образование:
- ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР И МОНТЕР
- ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧАР
- АВТОЕЛЕКТРИЧАР
Електротехничката струка располага со сопствено опремени кабинети за одржување на вежби и предавања, опремени со современи нагледни средства. Практичната настава се изведува и во претпријатијата со соодветна дејност низ општината со кои Електротехничката струка соработува.
Машинска струка
Образовен профил со четиригодишно образование:
- АВТОТЕХНИЧАР - МЕХАТРОНИЧАР
- ТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКО УПРАВУВАЊЕ
- МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР
Образовни профили со тригодишно образование:
- АВТОМЕХАНИЧАР
- БРАВАР
- МАШИНИСТ ЗА ТЕРМОПОСТРОЈКИ И ИНСТАЛАТЕР НА ВОДОВОД
Машинската струка наставата ја изведува во училници и кабинети.Практичната настава се изведува во 3 кабинети и 3 работилници (една работилница за образовниот профил Металостругар, а другите две за Бравар и Инсталатер на водовод). Кабинетите и работилниците се опремени со опрема, машини, алат и материјал потребни за квалитетно реализирање на практичната настава. За изведување на практичната настава, Машинската струка соработува со претпријатија од соодветната дејност од Општината.
Текстилна струка
Образовен профил со четиригодишно образование:
- КОНФЕКЦИСКИ ТЕХНИЧАР
- КОНФЕКЦИСКИ КОМПЈУТЕРСКИ ОПЕРАТОР
Образовен профил со тригодишно образование:
- КОНФЕКЦИОНЕР
Текстилната струка наставата ја изведува во училници и две кабинет-училници за стручните предмети од конфекциско занимање. Практичната настава се изведува во две работилници опремени со индустриски обични машини за шиење, две специјални машини за оплетување и две кофекциски пегли на пареа. Во работилниците има и прилагоден простор со маси за кроење.
Практична настава се изведува и во претпријатијата низ општината.
Сообраќајна струка
Образовни профили со четиригодишно образование:
- ТЕХНИЧАР ЗА ПАТЕН СООБРАЌАЈ
- ТЕХНИЧАР ЗА ТРАНСПОРТ И ШПЕДИЦИЈА
Двата профила во сообраќајната струка Техничар за патен сообраќај и Техничар за транспорт и шпедиција почнувајќи од 2005/06 учебна година, наставата ја изведуваат по нова програма. Наставата се изведува во опремени кабинети училници а дел од истата се изведува практично во претпријатија сродни на таа струка. Кабинетите се опремени со голем број на делови и склопови од моторни возила, компјутер со виртуелана симулација на поедини процеси како на принцип на работа на моторите така и на принцип на работа на поедини склопови и агрегати, Кабинет за безбедност во сообраќајот со собраќајни знаци и семафори.
Градежна струка
Образовни профили со четиригодишно образование:
- ГРАДЕЖЕН ТЕХНИЧАР
Образовни профили со тригодишно образование:
- МОНТЕР ЗА СУВА ГРАДБА
Сите овие дополнителни знаења и квалификаци што ги стекнуваат, ќе им овозможат да бидат повисоко ценети во компаниите што ќе работат или да имаат повеќе вештини и компетенции кога аплицираат на пазарот на трудот. Покрај теоретската настава во училиштето се изведува и практичната работа во градежни компании каде кандидатите може одблиску да се запознаат со вештините и знаењето од одредена област од градежната струка.
Шумарско - дрвопреработувачка струка
Образовен профил со четиригодишно образование:
- ТЕХНИЧАР ЗА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР
Шумарско-Дрвопреработувачката струка, наставата ја изведува во училница и работилница-кабинет, кои се во непосредна близина. Практичната настава се изведува во работилница со користење на потребни материјали (масивно дрво и плочести материјали). Обработката на дрвото во кабинетот-работилница се врши со рачен алат и машински.
Remove ads
Освоени награди
Училиштето зема активно учество уште од самите почетоци на струмичкиот карневал. Карневалските маски во цело се изработуваат во училиштето од самите ученици и карневалскиот тим на професори. Досега училиштето има освоено повеќе награди, а оваа година го освои првото место со маската „Царство на Пауните“ во конкуренција на групмни маски со над 50 учесници. Исто така има учествувано на повеќе карневали во соседните држави како што се Бугарија (Перник) Грција (Патра), Србија (Панчево, Шабац, Врњачка Бања), Црна Гора (Будва), Хрватска (Дубровник), Словенија (Птуј, Шоштањ, Мозирија.
Remove ads
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads