Семјуел Фредерик Греј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Семјуел Фредерик Греј (10 декември 1766 - 12 април 1828 ) — британски ботаничар, миколог и фармаколог. Тој бил татко на зоолозите Џон Едвард Греј и Џорџ Роберт Греј.

Заднина
Тој бил син на Семјуел Греј, лондонски семкар. Тој не добил никакво наследство, и откако не успеал да се квалификува во полето на медицината, тој се префрлил на медицинско и ботаничко пишување. Се оженил со Елизабет Форфејт во 1794 година и се преселил во Волсoл, Стафордшир, каде што основал канцеларија за анализа пред да се пресели назад во Лондон во 1800 година.
Тој основал и свој аптекарски бизнис во Вапинг, кој за жал пропаднал по неколку години. Потоа, се сметало дека се одржувал финансиски со пишување и предавање.[1]
Remove ads
Медицински записи
Греј ја напишал книгата Додаток на фармакопеја, објавена во 1818 година, со неколку последователни изданија.[2] Во 1819 година, тој станал ко-уредник на Медицинскиот репозиториум во Лондон, на кој придонел многу статии поврзани со медицината, ботаниката и многу други теми. Во 1823, тој ја објавил Елементите на фармацијата, и, во 1828 година, Оперативниот хемичар, двете практични референтни дела.
Remove ads
Природното уредување на британските растенија
Негово најпознато дело е Природното уредување на британските растенија, објавено во два тома во 1821.[3][4] Авторството е спорно, а неговиот син, Џон Едвард Греј, подоцна тврдел дека тој го завршил најголемиот дел од работата, но тоа не било поддржано од неговиот внук. Самата книга е иновативна, бидејќи е првата британска флора што го употребила природниот систем на класификација на растенијата на Антоан Лоран де Жисје, што е всушност подобрување на вештачката класификација на Линеј. Веројатно поради тоа тој бил слабо прифатен од конзервативните ботаничари од тоа време.
Природното уредување на британските растенија, исто така, вклучува и значителни делови за габи, потоа класифицирани како криптогамични растенија, воведувајќи многу нови родови, вклучувајќи Auriscalpium, Coltricia, Leccinum и Steccherinum, кои и денес се употребуваат.[5]
И покрај признатата номенклатурна важност на книгата денес, таа била запоставена од страна на британските ботаничари по нејзиното објавување, поради „нејзиниот идиосинкразии, антилинески карактер, неортодоксната номенклатура, тесните концепти и современото непријателство кон наводниот автор Р. А. Солсбери“.[6]
Поврзано
- Категорија:Такса именувана од Семјуел Фредерик Греј
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads