Стив Манданда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стив Манданда (роден на 28 март 1985) — француски фудбалер, голман на Олимпик Марсеј и француската репрезентација.
Во моментов тој исто така е капитен на својот клуб. Манданда ја претставувал Франција на три меѓународни турнири; Евро 2008, Светското првенство 2010 и Евро 2012.
Remove ads
Клупска кариера
Ле Авр
Манданда ја започнал својата кариера во екипата на Ле Авр за кој го направил своето деби во лигата во август 2005 година, и не примил гол сè до својот четврти натпревар. Тој одиграл 30 натпревари во сезоната 2005-06 и 37 во сезоната 2006-07, а со своите настапи го привлекол вниманието на други клубови. По неуспешниот пробен период во Астон Вила пред сезоната 2007-08 сезона,[2] тој му се приклучил на Марсеј во летото 2007 година.
Олимпик Марсеј
На почетокот на неговата прва сезона со Марсеј, Манданда бил резерва на првиот избор Седрик Карасо. Сепак повредата на коленото ќе го извади Карасо надвор од акција за шест месеци, оставајќи го чист патот за Манданда да стане редовен чувар на голот на Марсеј. На 3 октомври 2007 година Манданда имал фантастичен настап во натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул на Енфилд помагајќи му на својот тим да победи со 1-0 благодарение на голот на Матје Валбуена.
На 5 март 2008 година, Манданда му се приклучил на Олимпик Марсеј на траен четиригодишен договор.
Во шампионската сезона 2009-10 во Лига 1 под водство на Дидје Дешан, Манданда одиграл 36 натпревари во кој на 13 успеал да ја сочува својата мрежа сува, одбранил еден пенал (против Ленс)[3] и заработил еден црвен картон (прв и единствен во неговата кариера).
Remove ads
Репрезентативна кариера
Манданда има одиграно 17 натпревари за француската репрезентација до 21 година.
Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 27 мај 2008 година, појавувајќи се како замена на полувремето на местото на Себастијан Фреј во победата со 2-0 над Еквадор во пријателски натпревар одигран во Гренобл.
Титули
Клупски
Марсеј
- Лига 1 (1) : 2009-2010
- Лига куп на Франција (3) : 2009–10, 2010–11, 2011–12
- Суперкуп на Франција (2) : 2010, 2011
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads