Странски јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Странски јазик
Remove ads

Странски јазикјазик кој е матичен за друга држава. Странскиот јазик не е секојдневен јазик за државата на лицето за кое станува збор. Така, англискиот јазик во Македонија се смета за странски јазик, бидејќи тој е матичен јазик на други држави и не е во секојдневна употреба во државата Македонија.

Thumb
Германски ученик кој учи француски јазик.

Странскиот јазик во образованието

Најголемиот дел од училиштата во светот имаат изучување на барем еден странски јазик. Според податоците до 1998, скоро сите ученици во Европа учеле барем еден странски јазик како дел од задолжителните предмети во наставата. Единствен исклучок на ова била Ирска, каде се изучуваат ирски и англиски, но ниту еден од овие не е странски јазик за Ирците (но сепак има ирски ученици кои изучуваат и трет јазик). Бројот на училишни часови за изучување на странскиот јазик варира од држава во држава, но според истите податоци се увидело дека не се помалку од три седмично. Исто така, варира возраста кога странскиот јазик се изучува. Така во Македонија англискиот се изучува на 6 годишна возраст, исто како и во Луксембург, Малта или Норвешка. Во Фландрија, Белгија, странскиот јазик се изучува од 10 годишна возраст.[1]

Remove ads

Поврзано

Белешки

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads