Супермен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Супермен (англиски: Superman) — измислен лик, стрип-јунак и суперхерој, светски признаен како културна икона.[1][2][3][4] Создаден од американскиот писател Џери Сигел и артистот Џо Шустер во 1932, ликот во 1938 е продаден на Detective Comics, Inc. (подоцна DC Comics). За првпат се појавува во Action Comics #1 (Јуни, 1938), а веднаш потоа се појавува и во различни радио и телевизиски серии, филмови, стрипови во весници и видео игри. Поради огромниот постигнат успех, Супермен отвора пат да се создаде посебен жанр за суперхерои и да се воспостави примат во американските стрипови.[1] Неговиот изглед, има иконски и широко препознатлив статус: костум во сина, црвена и жолта боја, надополнет со наметка, со стилизиран „S“ симбол на градите.[5][6] Симбол кој, до денес, важи за заштитен знак на овој стрип-јунак.[7]
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() | На оваа страница е потребен превод од англиски на македонски. Оваа страница (или пасус) не е напишана на англиски. Ако е наменета за читателите од англиски јазик, треба да биде преместена на јазичното издание на Википедија на тој јазик. Видете го целосниот список на јазични изданија. Ако страницата (или пасусот) не е преведена на македонски во рок од една седмица, содржината која е на друг јазик ќе биде избришана. |
Оригиналната приказна за Супермен почнува со неговото раѓање на фиктивната планета Криптон, каде е именуван Кал-Ел. Кратко пред нејзиното уништување, во моментот на неговото раѓање, неговиот татко Џор-Ел го испраќа на земјата, како единствен начин за спас. Пронајден е од еден фармер и неговата жена. Одгледан и израснат како Кларк Кент, од рана возраст почнува да ги покажува своите натприродни способности, кои поради своите високи морални вредности, решава да ги користи за доброто на човештвото. Помалку е познат како „големиот син извидник“,[8] Супермен е познат и како „Челичниот човек“, „Човекот на утрешнината“ и „Последниот син од Криптон“. Како Кларк Кент, меѓу обичните луѓе Супермен живее како новинар во фиктивниот град Метрополис, работејќи за дневниот весник Дејли планет (англиски: Daily Planet) (Daily Star во пораните приказни). Во редакцијата работи со Лоис Лејн, убава репотерка која е главен љубовен интерес на Кент.
DC Comics постепено ги развива и дополнува споредните ликови, моќите и замките. Минатото на Супермен е променето за да се создадат авантурите на Супербој, но и други преживеаници од Криптон се приклучени, вклучувајќи ги Супергрл и Крипто. Поради тоа, Супермен е лиценциран и досега адаптиран во неколку различни медиуми, од радио до телевизија и филм, веројатно најзабележително е толкувањето на Кристофер Рив во двата филма на Ричард Донер Супермен од 1978, и продолжението Супермен II од 1981, кои се имаат здобиено со критичко одобрување и важат за најуспешни долгометражно филмови на Warner Bros. за тоа време. Како и да е, другите две продолженија, Супермен III и Супермен IV: Потрага по мир, не го доживуваат истиот успех на кино благајните. Филмот Супермен се враќа беше објавен во 2006, кој иако релативно неуспешен во САД, во меѓународните кино благајни поминува подобро од очекуваното.[9] Потврдено е дека нов филм за Супермен е во подготовка, со Хенри Кавил како Супермен. Седум децении по појавувањето на Супермен, ликот неколкупати е преобработен и променет.
Значајна промена се случува во 1986, кога Џон Берн го темелно го преобработува ликот, намалувајќи ги моќите на Супермен и отстранувајќи неколку ликови, потег кој го привлече вниманието на медиумите. DC Comics повторно привлекува внимание за време на деведесеттите со Смртта на Супермен, каде ликот е убиен (но подоцна вратен во живот).
Отсекогаш Супермен ги фасцинира школарците. Културни теоричари и критичари имаат спроведено истражувања околу влијанието кое ликот го има извршена врз САД и воопшто целиот свет. Умберто Еко ги има истакнато митските квалитети на ликот во раните шеесетти, а Лери Нивен внимателно има проучувано како би влијаела една сексуална врска помеѓу Супермен и Лоис Лејн на самиот лик.[10] Сопствеништвото на ликот отсекогаш било предмет на расправа, како што Сигел и Шустер двапати имаат поднесено тужби за правно сопствеништво. Авторските права сè уште се спорно прашање, така што мали промени во истите им овозможува на сопругата на Сигел и неговата ќерка да поседуваат дел од авторските права, потег кој компанијата Warner Bros. сè уште го расправа.
Remove ads
Супермен како тема во уметноста и во популарната култура
- „Наочарите на Кларк Кент“ — краток расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.[11]
- „О Супермен“ (англиски: O Superman) — песна на американската музичарка Лори Андерсон од 1982 година.[12]
- „Беспомошен Ко Супермен“ — песна на македонската група ПМГ Колектив од 2008 година.[13]
- „Супермен“ (англиски: Superman) — песна на американската рок-група Р.Е.М. (R.E.M.) од 1986 година.[14]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads