Културна икона

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Културна икона или бренд може да биде слика, предмет, симбол, лого, име, лице, човек, или градба или нешто друго препознатливо, и главно претставува предмет или концепт со големо културно значење за пошироката културна група. Претстава на предмет или лице коишто имаат специјален статус, важен, или сакан, од некоја посебна група на луѓе, на некое место, или во некој период од историјата.

Иконите и луѓето

Човечките суштества го добиваат својот статус на културна икона поради своите дела, постигнувања, улога во општеството, верувања, убедувања.

Иконските фигури можат да произлезат и од социјалните групи (геј икона, поп икона), политички партии, меѓу обожавателите, особено во спортот или музиката.

Некои слики можат да бидат мошне препознатливи, иако честопати не им се знае името или називот, како на пример Џоконда.

Remove ads

Икони и брендови

  • Примери: Енди Ворхол, Бадвајзер, БМВ, Шанел, Кока-Кола, Гинис, Харли-Дејвидсон, Лего, Марта Стјуарт, Најки, Норман Роквел, Ѕвездени патеки, Вуитон
  • Книгата Како се создава културна икона Архивирано на 29 октомври 2008 г. вели дека брендовите можат да одразуваат вредности и промени. Многу брендови се стремат да станат културни икони, но не успеваат. Културните икони се безвременски, врежани трајно во нашата свест. За да стигне брендот до степен на културна икона, прво треба да биде општо прифатен а дури потоа доажа степен на величење и истакнување на неговата безвременска вредност. Додека брендовите се рационални, културните икони се емоционални, и кон истите се создава силна емоционална приврзаност.
Remove ads

Примери на културни икони ширум светот

Културните икони можат да бидат национални, регионални или поврзани со некој град, можат да симболизираат нации, или пак да евоцираат некои одредени вредности. На пример, Франција ја користи Маријана како симбол на Француската револуција и отфрлањето на кралството во корист на републиката која исто така претставува некој вид нивна културна икона.

Австралија

Британија

Кина

Франција

Индија

Италија

САД

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads