Тобаго (Гренадини)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тобаго (Гренадини)map
Remove ads

Островчиња Тобаго или Тобаго Кис (англиски: Tobago Cays) е мал архипелаг на островчиња, дел од островската група Гренадини во Свети Винцент и Гренадини. Тобаго е сèопфатен поим за пет островчиња и масивен гребен кој се наоѓа околу островчињата. Тобаго е составен од следните мали ненаселени островчиња: Петит Рамо, Петит Бато, Барадал, Петит Табак и Џејмсбај. Источно од Тобаго е малото островче Сејл Рок. Тобаго е популарно туристичко одредиште.

Кратки факти Tobago Cays, Географија ...

Тобаго е клучниот географски елемент на Морскиот парк Тобаго. Паркот е управуван и е во сопственост на владата на Свети Винцент и Гренадини. Морскиот парк има вкупна површина од 5.7 км2, кои опфаќаат лагуна, островчињата, населениот остров Меро и 4 километарскиот гребен Хорсшу. Овој парк бил на списокот на значајни регионални екосистеми во декември 2014 година.[1]

Најголемиот и најразвиениот корален гребен во Свети Винцент и Гренадини е во релативно плитка вода и истиот е околу островчињата Тобаго, Јунион и Меро. Островите се пошумени и суви, а единствените површини со вода се ризофорите во Петит Ремо и солените бари во Меро.

Remove ads

Геологија

Гренадините се геолошки постари од Свети Винцент и се наоѓаат на големо плитко плато од вулканско потекло познато како Вулкански лак на Малите Антили. Островите се составени од различни вулкански и седиментни карпи. Островите се наоѓаат помеѓу Карипската и Јужноамериканската тектонска плоча. Северно од Гренада се наоѓа подводниот вулкан Кик Дем Џени. Ова плато има природни граници и западно и источно од Тобаго длабината наеднаш се зголемува.

Remove ads

Туризам

Туризмот е главна економска активност во паркот. Околу 8000 јахти ги посетуваат островчињата секоја година. Нуркањето е главна активност помеѓу посетителите. Посетите најчесто се од ноември до април.

Thumb
Поглед кон Тобаго Кис.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads