Трновска патријаршија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Трновска патријаршија
Remove ads

Трновска патријаршија (бугарски: Търновска патриаршия) е името на независната Бугарска православна црква во периодот од 1235–1393.

Thumb
Храмот Вознесение Господово, седиште на Трновската патријаршија

Историја

Откако браќата Иван Асен I и Петар IV[1] го обновиле Бугарското царство во 1185 година презеле чекори за обновување на автокефалната бугарска црква.[2] Како резултат на успешното востание во 1185/1186, биле поставени темелите на Второто Бугарско Царство со седиште во Трново. Следејќи го принципот на Борис I дека суверенитетот на државата е нераскинливо поврзан со автокефалноста на Црквата, двајцата браќа веднаш презеле чекори за обновување на Бугарската патријаршија. Најпрво тие основале независна архиепископија во Трново во 1186. Борбата за признавање на архиепископијата според канонскиот ред и издигнување на ранг на патријаршија траела речиси 50 години.[3]

Прв трновски патријарх бил Јоаким I.[4] Последен патријарх кој престојувал во Трново бил Евтимиј Трновски кој бил испратен во егзил од Османлиите откако го зазеле градот во 1393 година.[5]

Remove ads

Трновски патријарси

Повеќе информации Титула, Примат ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads