Трсино (археолошко наоѓалиште)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трсино — археолошко наоѓалиште во виничкото село Трсино. Претставува римска населба и некропола - могили. Во селото, а посебно покрај реката, се откриени темели од ѕидови на повеќе градби, а на површината има остатоци од градежен материјал. На околу 400 м северно од селото, од десната страна на патот кон Драгобрашта, се наоѓаат две поголеми могили. Едната има пречник во основата од 23 м и височина 1,5 м, а втората 25 м пречник во основата и височина од 2 метри. Поради копање на војнички ровови могилита ја имаат загубено првобитната височина.[1]
Remove ads
Поврзано
- Дебоки Дол — доцноантичка населба;
- Манастирски Дол — доцноантичка населба;
- Прибен — доцноантичка населба;
- Црквиште — средновековна црква;
- Трсино;
- Список на археолошки наоѓалишта во Виничко.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads