ФК Висла Краков

полски фудбалски клуб From Wikipedia, the free encyclopedia

ФК Висла Краков
Remove ads

ФК Висла Краков е фудбалски клуб од Краков, Полска. Се натпреварува во Екстракласа, највисоко ниво на полските професионални фудбалски натпреварувања.

Кратки факти Висла Краков, Држава ...

Висла Краков е еден од најстарите и најуспешните фудбалски клубови во Полска, основан во 1906 година под името ТС Висла. Се наоѓа на третото место по бројот на национални титули освојувајќи го домашното првенство 13 пати само еднаш помалку од Гурник Забже и Рух Хожув кој со 14 титули се водечки клубови во земјата. Меѓутоа, Висла Краков е еден од најуспешните клубови во Полска кога се во прашање последните неколку години, освојувајќи го полското првенство 8 пати во периодот од 1999 година. Заедно со титулите во лигата, Висла исто така, го освојувала полскиот куп 4 пати. Висла исто така, може да се пофали и со успеси во европските натпреварувања и тоа пред сè во 1970-тите, достигнувајќи до четврт-финалето во Европскиот куп на шампиони во сезоната 1978-1979 и победувајќи во Интертото купот во 1969, 1970 и 1973 година.

Грбот на клубот претставува бела ѕвезда на црвена позадина врз која дијагонално се протега сина панделка. Основната боја на дресовите е црвена, но резервните дресови се со бела и сина боја. Својте домашни натпревари Висла Краков ги игра на Градскиот стадион во Краков кој има капацитет од преку 33.000 седечки места. Најголем соперник им е екипата на Легија Варшава.

Remove ads

Историја

Висла Краков е основана во мај 1906 година кога студентите од Средното пректично училиште во Краков, инспирирани од нивниот професор Тадеуш Лопушански, формирале фудбалски клуб.[2]

Стадион

Стадион на Висла е сместен на улицата Рајмонта 22 во Краков, Полска. Стадионот бил првично изграден во 1953 година и во моментов има капацитет од 34.000. Стадионот бил реновиран во 2010 година, за да биде надграден по елитните стандарди на УЕФА. Овој стадион, исто така, бил избран како резерва за Евро 2012 турнирот организиран од страна на Полска и Украина. Рекордот за најголема посета на стадионот од 45.000 гледачи бил поставен на 29 септември 1976 година кога Висла го победила Селтик со 2-0.

Стадионот исто така претставува тврдина за Висла, каде што тимот е особено тежок за победување. Вреди да се напомене дека Висла го држи рекордот за најмногу домашни натпревари по ред без пораз на сите времиња во европскиот фудбал. Серијата на натпревари без пораз започнала на 16 септември 2001 година, после поразот од Островјец Швјентокшиски и завршила после повеќе од пет години подоцна, кога на 11 ноември 2006 година, ГКС Белхатув ја победил Висла со 4-2. Бројот на натпревари во таа серија без пораз изнесувал 73, надминувајќи го поранешниот полски рекорд од 48 кој и припаѓал на Легија Варшава. Во текот на сезоната 2008-2009, Висла загубила бодови дома само на двапати; играјќи нерешено со ЛКС Лоѓ и биле поразени од страна на Лех Познањ.

Thumb
Панорама на Стадионот Мијески, на кој Висла ги игра својте домашни натпревари.
Remove ads

Играчи

Моментален состав

Повеќе информации Бр., Позиција ...

Познати поранешни играчи

  • Полска Томаш Франковски
  • Полска Дариуш Дудка
  • Полска Адам Кокошка
  • Полска Радослав Матушјак
  • Полска Казимиеш Москал
  • Полска Пшемислав Шабат
  • Полска Гжегорж Кмечик
  • Полска Матеуш Ковалски
  • Полска Томаш Клос
  • Полска Јакуб Блашчиковски
  • Полска Павел Брожек
  • Полска Мацеј Журавски
  • Нигерија МакФерлин Дуду Омагбеми
  • Австралија Џејкоб Брнс
  • Бразил Жан Паулиста
  • Бразил Андре Барето
  • Србија Ивица Илиев
  • Словенија Андраж Кирм
  • Естонија Сергеј Пареико
  • Македонија Остоја Степановиќ

Тренер

  • Полска Казимиеш Москал (2007, 2011–2012, 2015)

Титули

Домашни

1927, 1928, 1949, 1950, 1951, 1977–78, 1998–99, 2000–01, 2002–03, 2003–04, 2004–05, 2007–08, 2008–09, 2010–11
Вицешампиони (10) : 1930, 1931, 1936, 1948, 1965–66, 1980–81, 1999–2000, 2001–02, 2005–06, 2009–10
Thumb
Витрината со трофеи на Висла Краков.
  • Куп на Полска: (4)
1926, 1966–67, 2001–02, 2002–03
Вицешампиони (6) : 1950–51, 1953–54, 1978–79, 1983–84, 1999–2000, 2007–08
  • Суперкуп на Полска: (1)
2001
Вицешампиони (4) : 1999, 2004, 2008, 2009
  • Лига куп на Полска: (1)
2000–01.

Европски

  • Интертото куп Интертото куп: (3)
1969, 1970, 1973
Remove ads

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads