Фанче Дамеска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фанче Николова Дамеска (14 ноември 1918 во Прилеп — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица 1941.[1]
Животопис

Уште пред војната му припаѓала на напредното работничко движење и била член на работничкото уметничко друштво „Коста Абрашевиќ“. Била член е на пододборот за народна помош, а од 1941 година на Комисијата за работа со жени при Месен Комитет на КПЈ - Прилеп. Исто така била во групата жени кои биле задолжени да го компромитираат женското фашистичко друштво „Царица Иоана“. Во летото 1941 учествувала во подготовките на зимница за првиот прилепски партизански одред. Кон крајот на 1942 година била примена за член на КПЈ. Во истото време работела на партиската техника. Во почетокот на 1944 година станала член на МК КПМ - Прилеп. Во мај истата година била затворена и од Скопскиот ВПС (Воен преки суд) била осудена на 15 години на строг затвор. На 6 септември 1944 година била ослободена од затворот и стапила во единиците на НОВ и ПОМ на должност заменик политички комесар на чета. Наскоро била повлечена во заднината за работа на Преспа, со задача да организира одбори на АФЖ. Во ноември 1944 била избрана за секретар на Околискиот Комитет на АФЖ на Бродска околија. Носител е на Партизанска споменица од 1941 година.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads