Фондации Отворено општество
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фондации Отворено општество (ФОО), порано Институт Отворено општество — меѓународна мрежа за доделување грантови основана од стопанственикот Џорџ Сорос.[1] Фондациите Отворено општество финансиски поддржуваат граѓански групи низ светот, со цел за унапредување на судството, образованието, јавното здравство и независните медиуми.[2][3]
ФОО има свои претставништва во 37 држави,[4] вклучувајќи и група на земји и регионални фондации како Иницијативата Отворено општество за Западна Африка и Иницијативата Отворено општество за Јужна Африка. Седиштето на ФОО е во Њујорк.
Од своето основање во 1993, ФОО имал трошоци вредни 11 милијарди долари.[5] Името на оваа мрежа е инспирирано од книгата на Карл Попер од 1945 година, Отвореното општество и неговите непријатели.[6]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads