Хермсдорф (Тирингија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хермсдорф (германски: Hermsdorf) — мал град во округот Зале-Холцланд, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Во негова близина се наоѓа автопатската раскрсница Хермсдорфер Кројц (Hermsdorfer Kreuz), каде се сретнуваат германските автопати А4 (Франкфурт-Дрезден) и А9 (Берлин-Минхен).
За други истоимени места, погледајте Хермсдорф.
Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Remove ads
Географија
Местоположба
Хермсдорф се наоѓа на средина помеѓу големите градови Јена и Гера и околу 55 километри југозападно од градот Лајпциг. Хермсдорф е средиште на Тириншки Холцланд.
Соседни општини
Соседни општини се Бад Клостерлаусниц, Рајхенбах и Шлајфрајзен во округот Зале-Холцланд, како и Крафтсдорф во округот Грајц.
Политика
Градски совет
Градскиот совет на градот Хермсдорф се состои од 20 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]
Партија / Листа | Удел | Места | +/− |
CDU | 22,1 % | 4 | − 1 |
Linke | 17,1 % | 4 | − 1 |
SPD | 16,8 % | 3 | − 2 |
Граѓанска иницијатива Холцланд | 43,4 % | 9 | + 4 |
Излезност: 57,0 % |
Збратимени градови
Хермсдорф е збратимен со следниве градови:
Remove ads
Галерија
- Хермсдорфер Кројц
- Трите училишта во градот
- Железничката станица
- Градската куќа
- Градската црква
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads