Химна на Белорусија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Ние Белорусите“ (белоруски и руски: Мы, беларусы) — неофицијалниот наслов на државната химна на Белорусија. Официјално е насловена како „Државна химна на Република Белорусија“ (белоруски: Дзяржаўны гімн Рэспублікі Беларусь). Првично била напишана во 1940-тите и била усвоена во 1955 година за употреба во Белоруска ССР[1]. Музиката на регионалната химна на Белоруска ССР ја компонирал Несцер Сакаловски, а текстот го напишал Михас Климкович. По распадот на Советскиот Сојуз, музиката ја компонирал Несцер Сакаловски а стиховите биле отфрлени. Новите стихови, напишани од Михас Климкович и Уладзимир Каризни биле усвоени со претседателски указ издаден на 2 јули 2002 година.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads