Црква „Вознесение Христово“ - Горно Лакочереј
црква во селото Горно Лакочереј From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вознесение Христово — манастирска црква во Охридското село Горно Лакочереј.[1] Таа е главна и единствена црква во Лакочерејскиот манастир. Црквата се наоѓа на околу 4 км југоисточно од селото, под падините на месноста Дебела Леска и е изградена во 1930 година. По својата градба, претставува развиен крст впишан во квадратна основа, со купола на средината. Градена е од делкан камен, во нововизантиски стил. Од јужната страна, истовремено, е изградена припрата. Фрескоживописана е во седумдесеттите години на XX век, за време на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Методиј. На 21 мај 2015 година, црквата била преосветена.[2]Lakočerejski manastir stara.jpg
- Икони од црквата
- Чинот со апостолите, XVII век
- Чинот со апостолите, XVI век
- Икона на Света Богородица со Христос, II половина на XVI век
- Икона на Света Богородица со малиот Христос на престол, XVII век
- Црквата од надвор
- Црквата (десно) и Лакочерејскиот манастир во почетокот на 20 век
- Црквата во 2011 година
Remove ads
Поврзано
- Лакочерејски манастир;
- Црква „Св. Никола“ - изградена на темели на црква од XIX век и осветена на 4 јуни 1995 година;
- Црква „Св. Атанасиј“ - изградена во 1963 година;
- Црква „Св. Илија“ - најновата селска црква. Почната да се гради во мај 2012 година;
- Црква „Св. Јован Крстител“ - камен темелник удрен во 2006 година;
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads