Горно Лакочереј

село во Општина Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia

Горно Лакочерејmap
Remove ads

Горно Лакочереј — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Горно Лакочереј е сместено во Охридската Котлина, 9 километри северно од градот Охрид. Ова село е претежно ридско - котлинско во кое селаните главно се занимаваат со земјоделство, сточарство и лозарство.

Историја

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Лакочереј живееле 130 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Лакочереј имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Лакочереј е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]

Горно Лакочереј е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 595 жители, а во 1994 година 582 жители, од кои 566 биле Македонци, 2 Албанци, 4 Срби и 10 други.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 515 жители, од кои 511 Македонци, 1 Албанец, 2 Срби и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 446 жители, од кои 431 Македонец, 1 Влав, 1 останат и 13 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Селото Горно Лакочереј отсекогаш било македонско православно село, во селото има 4 родови и сите се доселенички.[11]

Родови во Горно Лакочереј се:

  • Јосмовци (70 куќи) потекнуваат од предокот Никола Јосмо кој дошол во селото во XIX век заедно со неговите синови од селото Велестово. Познат е Димитри кој подоцна бил убиен од некој турчин, (по него најголемиот дел од Јосмовци го имаат презимето Димитриески). Димитри имал тројца синови: Јован (Јованче, Јонче), Сарафин и Симон Споменатиот Јован имал шест синови и пет ќерки. Од родот Јосмовци денес во селото се: Јосмовци, Сарафиновци, Симоновци, Иловци (Недески), Спировци, Стојаноски, Николоски и др.
  • Дировци (20 куќи) доселени се од селото Вапила, таму припаѓале на родот Шандаковци;
  • Тодоровци (10 куќи) доселени се од селото Куратица
  • Шетковци (10 куќи) се доселеници со непознато место на старина.
  • Стевовци (5 к.) доселени се од селото Вапила. Таму припаѓале на родот Милевци.
  • Нечковци (5 к.) доселени се од селото Сирула.
  • Анѓеловци (3 к.) доселени се од селото Велестово.
  • Славевци (4 к.) доселени се од селото Речица.
  • Целевци (2 к.) доселени се од селото Опеница.
  • Расинци (1 к.) доселени се од селото Расино.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

  • Доселеници: Анѓелевци или Брбаровци (2 к.) и Стојановци или Ристовци (3 к.) доселени се однекаде; Шетковци (3 к.) доселени се од некое село во Дебрца; Јосмовци (15 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Велестово; Ѓузеловци (4 к.) доселени се околу 1860 година од Куратица или Вапила; Кузмановци (2 к.) доселени се околу 1870 година од селото Вапила. Таму припаѓале на Климовци; Апостоловци (1 к.) доселени се околу 1878 година од селото Лешани во Дебрца; Речковци (2 к.) доселени се од селото Речица; Черкезовци (1 к.) доселени се од селото Косел; Бузевци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Велгошти; Ѓомлезаровци (1 к.) по потекло се од селото Сирула. А оделе од чифлик на чифлик; Пршковци или Анѓеловци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Куратица; Дировци (4 к.) доселени се во 1912 година од селото Вапила; Дојчиновци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Сирула; Миленковци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Плаќе; Опрашковци (2 к.) доселени се во 1927 година од селото Велестово; Мерковци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Сирула; Димовци (1 к.) доселени се во 1932 година од селото Долно Лакочереј; Маленковци (1 к.) доселени се во 1930 година од Охрид; Матевци (1 к.) доселени се од селото Плаќе; Опутовци или Василевци (1 к.) доселени се во 1937 година од селото Опеница; Деспотовци (1 к.) доселени се од селото Завој; Ѓоревци (1 к.) доселени се од селото Плаќе; Пешликовци (1 к.); Шилевци (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Опеница.[12]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Thumb
Лакочерејскиот манастир во почетокот на XX век.
Верски градби[13]
Thumb
Споменикот на паднатите борци на НОБ.
Споменици
  • Споменик на паднатите борци на НОБ
Археолошки наоѓалишта
Останато
  • Опеничка Река - река која тече источно од селото
  • Сончев рид - културно природна знаменитост која се наоѓа во непосредна близина на ова село.
Remove ads

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads