Црква „Вознесение Христово“ - Ињево

црква во селото Ињево From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Вознесение Христово“ - Ињевоmap
Remove ads

Вознесение Христово или Свети Спасцрква во селото Ињево.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа на неколку стотини метри пред влезот на селото, поточно од левата страна на патот кој води од селото Дедино.

Историја

Црквата е изградена во 1872 година, но не е познато кога и од кој архијереј била осветена. Познато е дека иконите биле изработени во XIX век од непознат автор.[2]

Архитектура

Црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Кон западната и северната страна е доградена отворена припрата. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и по еден спореден влез на јужната и северната страна. На западниот ѕид над припратата има слепа ниша над којашто има окно, а од кровот на западната страна се издига камбанаријата. Таа е со квадратна основа и има по еден прозорец на секоја страна. Објектот е изграден од камен, а варосани се само западната и северната страна, апсидата и камбанаријата. Црквата во целост е покриена со кров од ќерамиди. Внатрешноста не е зографисана.[2]

Во дворот на црквата има трпезарија и помошен објект.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads