Црква „Пресвета Богородица Пројавена“ - Солун

црква во Солун From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Пресвета Богородица Пројавена (грчки: Παναγία Φανερωμένη) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Пресвета Богородица Пројавена, Место ...

Црквата се наоѓа на улица „Аркадиуполи“ бр. 20, во центарот на истоимената населба. Изградбата започнала во 1955 г. од самите мештани, од кои највеќето биле грчки дојденци Мала Азија и Источна Тракија. Во 1961 г. изградбата завршиле и храмот е отворен на 14 мај од митрополитот Пантелејмон Солунски. Името го носи по иконата Богородица Пројавена (Фанеромени) донесена од црквата во долното маало на источнотракиското село Авдими (Учмакдере) од каде дошле Грците. Во 1889 г. црквата била запалена заедно со неколку куќи во подрачјето, но иконата останала и била спасена. Во 1914 г. бегалци од селото се населиле во Солун, понесувајќи ја со себе чудотворната икона. Иконата е поставена во црквата „Св. Агапија, Ирина и Хионија“ подигната во 1920 г., а во 1961 г. е префрлена во истоимената црква.[2]

Новиот храм претставува трикорабна базилика. Внатре има впечатлив владички престол од мермер.[3] Храмот има и параклис „Св. Јоаким и Ана“.[4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads