Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Лопатица

црква во Лопатица, Битолско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Лопатица
Remove ads

Рождество на пресв. Богородицацрква во битолското село Лопатица, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата е гробишен храм, сместен на источниот крај на селото. Изградена е во 1857 година.[1] Претставува голема камена базилика со полукружна апсида на исток. На запад подоцна во продолжение е доградена трпезарија. На југозапад има куловидна камбанарија изградена подоцна.

Храмот е забележителен по западниот ѕид на тремот однадвор, каде околу влезот во наосот има голема композиција (2,94 × 1,72 м), на која е претставен двобој помеѓу Крале Марко и Муса Кесеџија на коњи.[1] Таа е дело на мајстор од Дебарската школа, изработена во 1884 година[2]

За време на Првата светска војна, бугарската војска во цркват погребала загинати војници од VI пешадиски трновски полк.[3]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads