Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Штавица
црква во селото Штавица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Штавица – црква на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Преспанско-пелагониска епархија, Прилепско архијерејско намесништво, Прилепечка парохија во село Штавица, општина Прилеп[1]. Таа е главна селска црква во селото.
Remove ads
Историја

Црквата била изградена во 1881 година. Црквата била изградена благодарение на парохискиот свештеник Анастас Налетоски, а осветена е од Пелагонискиот митрополит Бенедикт.
Опис
Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица е еднокорабна, со полукружна апсида на источната страна, која надвор е расчленета на осум слепи ниши. Северниот и јужниот ѕид се со пиластри и се расчленети на плитки ниши.[2].
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads