Црква „Св. Атанасиј“ - Аларе
црква во Аларе, Ениџевардарско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј (грчки: Άγιος Αθανάσιος) — преродбеничка црква во селото Аларе, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Црквата е гробишен храм изграден во XIX век. Претставува еднокорабна базилика со тринаесетстрана апсида, срушен нартекс-женска црква на запад и трем на југ.[2][3] Во нишата на жртвеникот има остатоци од фрески од крајот на XIX век.[3]
На крајот од XIX и почетокот на XX век, иако целото село било под врховенството на Бугарската егзархија, храмот стоел затворен поради спорови меѓу неа и Цариградската патријаршија.[4]
Црквата е прогласена за историски споменик на 6 декември 1994 г.[2][3]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads