Црква „Св. Атанасиј“ - Загоричани
црква во Загоричани, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква кај селото Загоричани, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Remove ads
Црквата се наоѓа во месноста Курулишта, северозападно од Загоричани и источно од Олишта. Тука некогаш имало село, а „Св. Атанасиј“ била неговата црква. Денес тука е брегот на вештачкото Загоричанско Езеро. Црквата е уништена од арнаутски банди околу 1650 г., а жителите на Курулишта се преселиле во Загоричани. Од овој храм останале голема плоча која служела како олтар, монолитен столб, две столпчиња од месен камен, камен релјеф, измазнета камена плоча и римски релјеф со престава на човек во полн раст со копје и венец (30 × 40 см), вграден во источниот ѕид на денешниот храм. Во 1700 г. врз урнатините на стариот храм селаните подигнале скромен параклис. Од таа црква во денешната се зачувани иконата на Свети Атанасиј и мала икона на непозната светоца, можеби Света Варвара. Во 1886 г. жителите на Загоричани на ова место изградиле голема претставителна црква, а годината е означена на убав камен релјефсо крст, вграден во ѕидот. Храмот е опремен во 1887 – 1888 г. со убави икони, дело на тројца мајстори — Евтимиос А. Мисајлидос од Цариград и Павлос Кесаревс и Михаил Г. Самарас од Рупишта. Иконите на првите двајца се подарок од загоричанци кои работеле во Цариград. Во 1964 г. црквата е наполно обоновена по четврти пат.[1]
- Икони од храмот
- Икона на св. Атанасиј, XVIII век
- „Св. Троица и св. Стефан“, 1888 г.
- Проскинитарна икона на св. Атанасиј, 1887 г.
- Детаљ од проскинитарната икона на Свети Атанасиј, 1887 г.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads