Црква „Св. Атанасиј“ - Смолево

црква во некогашното село Смолево, Битолско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Смолевоmap
Remove ads

Свети Атанасиј — главна манастирска црква на Смолевскиот манастир во битолското историско село Смолево, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа јужно од градот Битола, крај познатата мотокрос-патека. Таа е единствената зачувана градба од поранешното село, сместено меѓу Лавци и Буково на планината Баба.[2]

Историја

Храмот бил подигнат на 11 октомври 1859 година од страна на Калина Јосиф Скантели за време на пелагонискиот владика Венедикт. Црквата за време на Првата светска војна била целосно уништена.[3]

Црквата била обновена откако бил затворен некогашниот воен полигон на ЈНА од страна на мештани од соседното село Лавци.[4]

Според натписната плоча кај главниот влез, црквата била реосветена на 9 мај 2009 година.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads