Црква „Св. Атанасиј“ - Суво Грло
црква во селото Суво Грло From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Свети Атанасиj“ – македонска православна црква во демирхисарското село Суво Грло, Македонија. Административно, црквата е дел од Сопотничката парохија, на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво, на Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.[1][2][3]
Црквата се наоѓа околу 1 километар источно од селото. Изградена е во 1886 година. Архитектонски таа е еднокорабна базилика, покриена со полукружен низок свод, со полукружна апсида на исток без отвор и трем на запад. Ѕидовите се направени е од кршен камен. Фасадата е фугирана. Покривот е на две води со ќерамиди. Од оригиналниот фрескопис зачувана е само сликата на Света Богородица во конхата на апсидата.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads