Суво Грло (Демирхисарско)

село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia

Суво Грло (Демирхисарско)map
Remove ads

Суво Грло — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа областа Железник, во источните падини на Плакенска Планина, на левиот брег на Црна Река. Оддалечено е 11 километри северно од Демир Хисар.

Историја

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Суво Грло живееле 55 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Суво Грло имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сухо Грло се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 7 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Суво Грло живеат 8 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Суво Грло е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[11]

  • Староседелци: Кузмановци (10 к.) и Грујовци (7 к.).
  • Доселеници: Богојовци (3 к.) доселени се од селото Зашле, каде припаѓале на родот Шулевци; Трајковци (4 к.) доселени се од селото Ракитница; Митревци (3 к.) доселени се од селото Слепче во 1905 година.
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 656 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Цркви
  • Црква „Св. Атанасиј“ — главната селска црква;
  • Црква „Св. Богородица“ — црква што се наоѓа на 300 метри над селото
Археолошки наоѓалишта[14]

Редовни настани

Личности

  • Јанкула Трајчев Груовски — македонски револуционер, илинденец.[15]

Култура и спорт

Иселеништво

Ова село било едно од ретките села од каде населението не се селело до 1952 година, иселеници имало само во Битола (1 семејство).[11]

Поголем бран на иселување имало после 1960 година, па така денес селото е пред целосно изумирање

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads