Црква „Св. Богородица“ - Бојанчиште

црква во селото Бојанчиште From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Богородица“ - Бојанчиштеmap
Remove ads

Света Богородица — главна селска црква во селото Бојанчиште.[1][2]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата е сместена на височинка на излезот од селото. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Remove ads

Историја

Црквата е подигната во текот на XIX век, а била фрескоживописана во 1865 година. Ова го пишува во натписот над западната страна од гредата меѓу наосот и припратата. Натписот гласи:[2]

„1865 месец маја на ден 12 мајстор Спасе од Деборската каза и Доне брат Негров од село Гари


Архитектура

Црквата е еднокорабна со изведена рамна дрвена таваница. Има изграден трем од јужната и западната страна.[2][3]

Фрескоживопис

Црквата е фрескоживописана од зографите Спасе и Доне, брат Негров од селото Гари - Дебарска каза. Состојбата на фрескоживописот е во состојба на распаѓање, а самата црква дава изглед на запуштен објект.[2][3]

Фреските од првата зона се во цел раст и се насликани високо над седиштата. Втората зона ја исполнуваат повеќе сцени и композиции од животот на Исус Христос.[3]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads