Црква „Св. Богородица“ - Крива Круша
црква во Крива Круша, Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Богородица (или Успение на Пресвета Богородица) — православна црква во велешкото село Крива Круша, Општина Чашка, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.[1]
Црквата е изградена во XIX век. Претставите на некои од светците во неа — Харалампиј, Ѓорѓи, Никола, Василиј, Петар и други — се дело на Анѓелко и Велјан Андонови, браќа на Димитар Андонов Папрадишки. На претставата на Свети Илија има натпис „Зографи Ангелко и Веланъ Андонови Папрадище 1892 година ноември 7 день“. Работата не се одликува со висок уметнички квалитет,[2] за разлика од делата на нивниот прочуен брат.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads