Крива Круша

село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia

Крива Крушаmap
Remove ads

Крива Круша — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес. Селото порано се сметало географски центар на Македонија.[2] но според новите истражувања за центар на Р Македонија бил утврден Длабок Дол кај селото Долно Врановци во истата општина.[3]

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Историја

Селото се оформило во средината на XVIII век.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[4]

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Селото е пред целосно изумирање, во 2002 година забележани се само 2 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови

Крива Круша е македонско село.

Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:

  • Староседелци: Ничовци (2 к.), Нефтановци (1 к.), Бегиновци (2 к.) и Трајановци (2 к.) предците на наведените родови живееле во месноста Селиште, таму најпрво се наоѓало селото, тоа било во планинскиот дел од атарот на селото.
  • Доселеници: Шоповци (13 к.) и Дамјановци (2 к.) потекнуваат од заеднички предок доселен однекаде на почетокот од XIX век. Според името веројатно потекнуваат од Шоплукот (Кратовско, кривопаланечко). Го знаат следното родословие: Ивко (жив на 80 г. во 1966 година) Ѓошо-Пано-Здраве-Ангелко, основачот на родот кој се доселил. Шоповци се поделени и на други две гранки, Здравевци и Алтановци. Во околните села Извор и Еловец имаат свои иселеници.[9]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2233 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект сопственост на Бобан Здравевски на селото Ново Село.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Во 1900 година во селото имало само 15 домаќинства. Но со природен прираст селото нараснало на 40 домаќинства. После Втората светска војна населението почнало помасовно да се иселува, пред се во градот Велес. Иселеници имало и во некои околни велешки села (Еловец, Извор, Војница, Сојаклари).[9]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads