Црква „Св. Богородица“ - Растојца
црква во селото Растојца From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Богородица — главна селска црква во близина на селото Растојца. Црквата се наоѓа на неколку стотина метри од селото, на десната страна од патот кој води кон селото Прибилци.
Remove ads
Историја
Црквата била осветена некаде околу 1874 година.[1]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа. Изградена е од камен и е покриена со ќерамиди на две нивоа. Оградена е со камена ограда, којашто е покриена со ќерамиди. Камбанаријата се наоѓа непосредно од левата страна на влезот во дворот од црквата. Таа има шестаголна основа и е поделена во два дела. Првиот дел е изработен од камен и завршува до околу две третини од висината на камбанаријата. На некои од страните во овој дел има квадратни отвори. Вториот дел има помала основа и е изработен од дрво. Тој се состои од шест дрвени столбови, кои во долниот дел се оградени со дрвена ограда и над кои се простира кровот во пирамидален облик.
Remove ads
Галерија
- Селските гробишта во дворот на црквата
- Апсидата на црквата
- Поглед на црквата
- Камбанаријата на црквата
- Црквата со камбанаријата
- Влезната врата во црквата
- Стариот даб
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads