Црква „Св. Димитриј“ - Долна Чарлија
црква во селото Долна Чарлија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј — главна селска црква во селото Долна Чарлија.[1] Црквата се наоѓа во крајниот западен дел од селото, во правец кон Црна Река.
Remove ads
Историја
Црквата е изградена на стари темели во 1895 година.[2]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна. Кон јужната и западната страна на црквата е доградена припрата. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со метална ограда, а во него се сместени камбанаријата, селските гробишта, базен за верски обреди, како и помошни објекти. Камбанаријата е сместена покрај оградата од дворот на црквата. Таа има квадратна основа и во горниот дел на секоја од страните има по еден правоаголен прозорец. Влезот во камбанаријата е сместен на источната страна.
Remove ads
Галерија
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Припратата
- Апсидата
- Камбанаријата
- Влезот на камбанаријата
- Базенот за верски обреди
- Помошните објекти
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads