Долна Чарлија

село во Општина Могила From Wikipedia, the free encyclopedia

Долна Чарлијаmap
Remove ads

Долна Чарлија — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото потекнува од турскиот збор „чаир“, што означува ливада.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Панорама на селото

Селото се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле, во средишниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е рамничарско, сместено на левиот брег на Црна Река, на надморска височина од 582 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 25 километри.[3]

Долна Чарлија е мало полско село помеѓу Горна Чарлија на север и Радобор на југ. На неговата западна страна тече Црна Река.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Мери, Бостаниште, Ќошојца, Крушки, Арапски Гробишта, Прогон Трапски и Гладно Поле.[4]

Селото е од збиен тип и се дели на три маала: Долно, Горно и Мртвица Маало. Третото маало е најмладо.[4]

Селото се наоѓа во котлината Пелагонија, североисточно од Битола. На север е помалото село Горна Чарлија, а во минатото биле познати како едно село - Чарлија.

Remove ads

Историја

Thumb
Селската чешма

Во првата половина на XVII век се споменува село Чаирли во околина на Битола. Веројатно се однесува за денешните села, Горна и Долна Чарлија. Меѓутоа, мештаните наведуваат дека ова село е основано дури пред околу 200 години. Како основачи на селото се јавуваат предците на денешниот род Цветановци. Подоцна, се доселуваат и другите родови.[4]

Најпрвин, местоположбата на селото била помеѓу коритото на Црна Река и нејзиниот ракав. Но, по повеќе поплави, првобитното место било напуштено и селаните го основале денешното село источнот од ракавот на Црна. Не се знае кога е извршено ова преместување.[4]

Во XIX век, Долна Чарлија било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 10,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 950,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 56,6 хектари, додека шуми речиси и да нема.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долна Чарлија живееле 325 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Долна Чарлија имало 208 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Чарлија се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 27 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Според бројот на населението, селото се преполовило. Така, во 1961 година селото броело 538 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 236 жители, од кои 234 биле Македонци.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Долна Чарлија живееле 198 жители, од кои 197 Македонци и 1 Србин.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 165 жители, од кои 155 Македонци, 7 Албанци и 3 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Долна Чарлија е македонско село.[4]

Родови во селото се: Цветановци (8 к.), најстар род во селото, доселени се однекаде во XVIII век; Мантевци (6 к.), и тие се доселени однекаде; Вртковци (8 к.), живееле во Оптичари, па потоа шетале по другите села, и дошле тука; Ибишовци (4 к.), доселени се на крајот од XIX век од селото Клепач, подалечно потекло од Преспа; Дивогасковци (2 к.), ’Ржаносламовци (7 к.), Павлевци (2 к.) и Ченкаровци (2 к.), доселени се во 1903 година од селото Трап; Бончанци (3 к.), доселени се 1903 година од Бонче; Кулаковци (4 к.), порано се викале Катранџиовци. Изгледа се доселени од некое село во Порече; Шкрепа (1 к.), доселени се од Далбеговци; Ношпалци (2 к.), доселени се од Ношпал; Цапаровци (1 к.), доселени се од Цапари и Поречанци (1 к.), доселени се од Порече.

Remove ads

Општествени установи

  • Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“, подрачно основно училиште до петто одделение

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Долна Чарлија, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горна Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Добрушево, во која влегувале селата Горна Чарлија, Долна Чарлија, Добрушево, Мусинци и Ношпал.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0181 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Долна Чарлија. Избирачкото место го опфаќа и селото Горна Чарлија.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 138 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 143 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Димитриј“
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]

Редовни настани

Слави[2]

Личности

Починати во Долна Чарлија

Иселеништво

Се знае за следниве иселеници: Мармачовци (8 к.) и Мантевци (3 к.), кои живеат во Могила; Карапашовци (3 к.), Чарлинци (1 к.) и Вејкрпа (1 к.), живеат во Долно Оризари; Чарлинци (3 к.), кои живеат во Оптичари; Неделкоски (2 к.), живеат во Биљаник и Кумбулови (1 к.), кои живеат во Долно Српци.[4]

Од ова село има иселено над 300 лица. Најголем дел од нив се имаат иселено во градовите Битола и Скопје, но и во прекуокеанските земји и во Европа.[2]

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads