Црква „Св. Димитриј“ - Смоквица

црква во селото Смоквица From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Смоквицаmap
Remove ads

Свети Димитриј — главна селска црква во гевгелиското село Смоквица.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата претставува културно наследство на Македонија.

Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во крајниот западен дел од селото.

Историја

Црквата е изградена во првата половина на XIX век, односно околу 1830 година, а била обновена во 1905 година од страна на градителската дружина на познатиот неимар, резбар и зограф Андон Китанов.[1]

Била прогласена за културно наследство на Македонија со решение од 7 мај 2003 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.[2]

Архитектура

Градбата на црквата е трикорабна, со дрвени тавани. Средишниот кораб е поизвишен од страничните и е покриен со квадратни полиња изведени со тенки летвички. Во средината на главниот кораб е насликана икона на платно на којашто е претставен ликот на Исус Христос Седржител. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на осум столба, распоредени во два реда со по четири на јужната и северната страна.[1]

Во дворот на црквата се сместени селските гробишта, камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и се состои од четири дела, при што основата на секој следен дел има помала основа. На секоја од страните на првите три дела има по една монофора, додека последниот дел е со повеќе отвори од страните. Камбанаријата е покриена со пирамидален лимен кров над кој има крст.

Фрескоживопис

Црквата била зографисана во 1846 година, што може да се забележи и од натписот над главната влезна врата на јужниот ѕид, од внатрешната страна.[1]

Икони и иконостас

Иконостасот во внатрешноста на храмот е исполнет со вредни икони и царски двери изработени од страна на Андон Китанов. Дверите биле изработени во 1863 година во резба со мотиви од растителниот свет.[1]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads