Смоквица
село во Општина Гевгелија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Смоквица — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.
Remove ads
Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија, во Гевгелиското Поле.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 90 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 15 километри.[2]
Историја

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
Атарот зафаќа површина од 24,3 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 1.716 хектари, на пасиштата отпаѓаат 293 хектари, а на обработливото земјиште 215 хектари.[2]
Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Смоквица имало 560 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смоквица имало 624 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]
Селото е средно по големина, населено со македонско население. Така, селото во 1961 година имало 523 жители, а во 1994 година броело 326 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Смоквица имало 263 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 190 жители, од кои 177 Македонци, 3 Срби, 4 останати и 6 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Ѓорѓи Делев“ до V одделение[14], подрачно училиште на ОУ „Климент Охридски“ - Миравци.
- ЖС „Смоквица“ — железничка станица на линијата Скопје-Гевгелија
Самоуправа и политика
Во XIX век, Смоквица било христијанско село во рамките на Гевгелиската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Негорци, во која влегувале селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Негорци, во која покрај селото Смоквица се наоѓале и селата Кованец, Негорци, Прдејци и Серменин.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 367 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[17]
- Црква „Св. Димитриј” — главна селска црква
- Споменици
- Биста на Ѓорѓи Делев
- Биста на Ангел Динев
- Биста на Ангел Динев
- Биста на Ѓорѓи Делев
- Камбанаријата на црквата „Св. Димитриј“
Личности
- Родени во Смоквица
- Анѓел Динев (1891-1952) — општественик и публицист
- Владимир Картов (р. 1935) — правник, историчар и професор
- Коста Христов Попето (1862 - по 1941) — револуционер, гевгелиски војвода на ВМРО
- Васил Ристов Алаџајков — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Илија Ристов Алаџајков — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Горге Костаќев Икономов — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Ристо Петров Марачков — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
Remove ads
Галерија
- Објект во селото
- Сретселото на Смоквица
- Биста на Ѓорѓи Делев, учесник во НОБ
- Стара куќа во селото
- Поглед на селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads