Црква „Св. Илија“ - Богомила
црква во Богомила, Велешко From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија — гробишна селска црква во азотското село Богомила, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена на западниот крај на селото, односно во горниот дел на селото, со што и го носи името „Горна Црква“.
Историја
Според мештаните, ова е постариот од двата традиционални селски храма. Црквата веројатно потекнува од XIII век.[2]
Архитектура
Претставува мала еднокорабна црква со издолжена полукружна апсида на источната страна. Изградена е од кршен камен.[3]
Од првичната градба сочуван е само олтарниот дел и неговиот фрескоживопис. Подоцна, во продолжение на остатоците од старата градба изградена е трпезарија.[2]
Покривот е на две води. Храмот се состои од два дела — сегашниот олтарен простор вкопан во земјата всушност претставува стара црква, а новиот дограден дел има улога на трпезарија.[4] Пред самата црква се чува оригинална долга камена чесна трпеза, доказ за големата старост на храмот.[4][5]
Живопис

Во покровителската ниша јужно од западниот влез во олтарот има допојасна претстава на Свети Илија во зелена наметка со одвиткат свиток со црковнословенски текст и гускино перо во рака. Над неговото лево рамо напишана годината 1872, но сината заднина и сигнатурата се пресликани и се наѕира дел од поедноставниот изорен шрифт. Според уметничките одлики, фреската е од XVII век, пресликана од неук зограф на крајот од XIX или почетокот на XX век. Постар живопис (веројатно не постар од оној од 1872 г.) е средишната претстава на Исус Христос на источната страна, дел од правите фигури на светци од првото подрачје и дел од пророците во медалјони во второто.[4]
Во црквата има икона на Свети Илија од 1939 г. (31 × 22 × 1,8) потпишана од славниот мајстор Димитар Андонов Папрадишки.[3] Во Долната црква на селото, наречена „Св. Атанасиј“, се чуваат царски двери и иконостасни икони од XVII век, меѓу кои има и покровителска икона на Вознесението Илиево, за која се мисли дека можеби е земена од иконостасот на црквата „Св. Илија“.[3]
Галерија
- Гробиштата околу црквата
- Трпезаријата
- Влезот од припратата
- Поглед на црквата
- Јужната страна
- Апсидата
- Апсидата
- Sвоното
- Припратата
- Икони во припратата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads